Азорски острови, местото каде што руската нафта исчезнува

Како што повеќе се стегаат нафтените санкции против Русија, така се повеќе руски нафтени пратки сред Атлантикот исчезнуваат од радар. Само во изминатите две недели најмалку три руски танкери ги снемало од системите за следење бродови во моментот кога се приближиле до Азорските острови.

Се претпоставува дека танкерите го користат криењето за на раат да го префрлат својот товар на други бродови, нешто што до сега се не се случувало со руските бродови.

Освен кај Азорите, некои руски бродови ги снемува и на нивниот пат кон Азија.

Трансферот на нафта од брод на брод е стандардна пракса во нафтената индустрија, тоа што не е стандардно е бродовите да ги снемува од радар. Ова до сега главно го користеа држави под нафтени санкции како Иран и Венецуела.

Целата процедура почнува со „паркирање“ на бродовите сред океан еден до друг и (вообичаено) помалиот танкер ја празни нафтата во поголемиот, кој потоа ја испорачува на подалечни дестинации, често пати во Азија.

23 јуни 2022 - 11:47