Пред некое време беше објавено дека истата ситуација од која остатокот од светот е речиси целосно закочен, за советникот Олег Диденко е само многу профитабилна околност па сред војната успева да купи скроз ново Бентли Бентјага од пола милион долари.
Иако и во мирнодопско време набавката на Бентли од половина милион долари од државен службеник ќе биде контроверзна, сред најголемата војна на тлото на Европа од крајот на Втората светска војна таа треба да е доволна за вадење пред стрелачки вод. Сепак Диденко ќе куртули и само е отпуштен од советничката позиција во државниот Нафтогаз.
По информацијата за новото возило на Диденко, пратеникот на „Татковина“, Олексиј Кучеренко, му препорача на советникот дека сега е време да биде внимателен:
„Јас би обратил посебно внимание на војниците од Вооружените сили на Украина, на кои сега им е многу, многу тешко.“
Диденко работи во Нафтогаз од 2014 до 2020, по што станува советник на претседателот на компанијата, и раководи со секторот за природен гас.
Несудениот сопственик на Бентли едвај десетина дена ја имаше колата.