Вести

Смрт и лаги во британските породилишта

Мерките за преполовување на стапката на смртност на родилки во Британија имале ужасен контраефект. Наместо да се намали, бројот на смртни случаи на мајки и бебиња се зголемил за 20%. За да отфрлат кривична одговорност, болниците манипулираат со квалификацијата на ургентните случаи, уништуваат документација и одбиваат соработка со независните истраги. 

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Кина одамна ја прогласи за успешна својата стратегија да го запре ширењето на пустини опкружувајќи ги со зелен ѕид од десетици милијарди дрвја, но сега забележала и изненадувачки бонус – дрвјата во овој ѕид растат побрзо отколку во природните шуми во земјата. Феноменот е најизразен кај дрвја од 30 до 40 години, но подоцна се губи ползата за околината.

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Новите тактики, оружја и технологии го направија фронтот во Украина поубиствен од која било рововска војна досега. Руски воени блогери тврдат дека новите руски војници што доаѓаат на фронтот може да издржат едвај половина час пред да бидат лоцирани и погодени од дронови, кои се претворија од извидувачки летала во машини за убивање.

Речник

Канада поставува граница на еутаназијата

Парламентарна комисија во Канада ја отфрли иницијативата да им се овозможи асистирана еутаназија на пациенти кои страдаат од депресија или шизофренија и кои во налет на болеста може да решат да си го одземат животот. „Влада која нуди смрт како излез од проблемите што ги наметнува општеството воопшто не е хумана, туку е спротивното“, заклучува комисијата.

Врховниот суд ги заштити трујачите со хербициди од тужби на болни од рак

Врховниот суд на САД  им дозволи на агро-хемиските гиганти да не објавуваат предупредувања на своите хербициди дека се токсични и може да предизвикаат рак. Ако федералната агенција не бара такви етикети, сојузните држави немаат право да покренуваат процеси. „Информациите што се спротивни на заклучоците на EPA се по дефиниција неточни“, наведува судот.

Европа станува бастион на цензурата

Европскиот суд на правдата донесе одлука со која дозволи кривично гонење на поединци кои ќе објават или споделат содржини на Раша Тудеј и други руски медиуми кои имаат врска со државата. Небитно дали пренесените информации биле точни или не, небитно ако некој тоа го направил без економска корист, небитно ни дали содржината што ја споделил воопшто има врска со пропаганда или украинската војна. „Маша и Медо“ да се сподели од РТ, може да се заглави на повеќегодишна робија. 

Зумерите слабо искачаат од мобилен

Луѓето од 16 до 24 години, таканаречените зумери, според новите истражувања, се најосамената генерација досега. Пандемијата и зголемата цена на живеачката дополнително ги нагазија. Не дека нема чаре, само за тоа треба да се излезе од дома, или некој да ти дојде таму. 

Разговор со Валери Залужни, генералот што ја брани Украина

Кога почна агресијата ние почнавме само да го спроведуваме она што го знаевме, уште од 2014, и искуството и вештините што ги научивме од тогаш. А најважното искуство што го имавме и она што го практикуваме како религија е дека Русите и секој друг непријател мора да биде убиен, само убиен, и уште поважно не треба да се плашиме да го правиме тоа, порачува првиот човек на украинските воени сили Валери Залужни во интервјуто за британски Економист.

Њујорк ја забранува продажбата на домашни миленици

Во њујоршките пет-шопови повеќе нема да можат да се купат домашни миленичиња. Законодавците сакаат да стават крај на бизнисот со скапи животни, и наместо тоа, да го форсираат вдомувањето. Други сметаат дека со ваков закон само ќе се засили црната берза со миленичиња. 

Војната во Украина ќе ја реши кој прв ќе добие повеќе ракети и гранати

Напредувањето на Украинците периодов е забавено што заради лошото време, што заради консолидацијата на руските одбранбени линии, меѓутоа интензитетот на борбите не е ни најмалку стишен и тие упорно ги празнат залихите и на луѓе и на муниција на двете страни.

Твитер ќе забранува линкови од Фејсбук, либтардите се освестија за цензура

Откако долги години немаа проблем со тоа дигиталните платформи да цензурираат луѓе кои не им се по мерка, новинарите на американските корпоративни медиуми денес гласно зборуваат за тиранијата на Сицилиумската долина. И понатаму немаат проблем тие со цензурата. Имаат проблем со тоа да бидат замолчувани нивни. 

СБФ истурил „десетици милиони долари“ во нелегални политички донации

Сем Банкман-Фрид парите, кои не се негови и му се украдени од корисниците, ги дал и на демократски и на републикански кандидати, а со цел да влијае на правецот во кој се движат политиките и законите околу криптоиндустријата.

Норвежанка е на суд затоа што тврди дека мажите не можат да станат лезбејки

Норвешката актерка и режисерка Тонје Гјевјон, е под истрага и ѝ се закануваат три години затвор, откако нејзиниот статус околу можноста маж да стане лезбејка беше протолкуван како сериозен говор на омраза.

Медицинската сестра на Хуго Чавез што стана милионер

Клаудиа Диаз Гиен од 2003 како медицинска сестра е дел од тимот на телохранители што лично го обезбедува тогашниот венецуелски претседател. Во 2011 таа со своето медицинско резиме е именувана за прв човек на државната благајна. Деновиве ја осудија во Мајами за примање десетици милиони долари мито.

На Украина ѝ е битно да ја бојкотираме Оревокршачката

Oфицијален Киев бара oд западните сојузници да ги бојкотираат руските уметници и автори, и тоа не само оние кои го поддржуваат Путин. Со оглед на тоа што Оревокршачката е божиќна класика а картите наголемо се продаваат, Украина добива одговор: ај може следниот Божиќ навреме ќе ни кажете што да правиме.

Британија ќе ги пакува тие со знамињата од Лондон

Со најава „што е многу, многу е“ премиерот на Британија, Риши Сунак, објави план од пет точки за борба со имиграцијата, со посебна точка за имиграцијата што им доаѓа од Албанија.

Што тоа се случи со ПејПал?

Во 1998-ма година, оваа моќна платформа за финансиски трансакции беше создадена за да им се даде моќ и независност на индивидуалци ширум светот. Денес, на чудење на нејзините основачи, се повеќе заликува на кинескиот модел во кој апсолутно сè е поврзано со државата.

Џек Дорси презема вина за проблемите на Твитер

Откако „Твитер документите“ покажаа сериозни манипулации и политички притисоци во работата на Твитер, се огласи и неговиот основач и поранешен ЦЕО, Џек Дорси, порачувајќи „ова е само моја вина.“

Спектакуларни методи за елиминација на штетници

Штетниците се лоши за културите, како за човечките, така и за оние земјоделските. И логично, луѓето смислувале и смислуваат начини како да ги елиминираат створовите што им прават зулум. Видете на што сè може да се досети човек кога нешто му смета. 

Ако се најде во зорт руската војска нема да добие процесори од Кина

Кина нема да и ги испорача на Русија компјутерските процесори Лoнгсон на кои руската индустрија се надеваше дека ќе ја пополнат дупката во снабдување со чиповите за производство на напредни оружја и муниција кои ги троши во војната со Украина.

Како воопшто Сем Бенкман-Фрид стигна до милијарди долари од ништо?

Случајот со пропаста на ФТХ е уште едно упорно повторување на правилото дека ако нешто изгледа премногу добро за да биде вистина, тогаш веројатно е, и само треба малку да почекаш за да видиш каде е лагата. Основачот на ФТХ и целата операција, Сем Бенкман-Фрид деновиве беше уапсен на Бахамите по барање на САД.

Еутаназијата се пробива меѓу водечките причини за смрт на Канаѓани

Канадската влада ја легализираше еутаназијата пред само шест години, во 2016-та. Денес, во 2022-ра, еутаназијата веќе е шеста најчеста причина за смрт во Канада, а бројот постојано расте. Се наоѓа меѓу хроничните респираторни болести и дијабетесот.

Македонски семејни винарии викендов ве канат на саем во Кавадарци

Викендов во Кавадарци ќе биде организиран предновогодишен саем на мали тиквешки семејни винарии на кој ќе присуствуваат над 35 винарии. Тие ќе изложуваат, а вие ќе имате можност да дегустирате над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од 4 производители.

ChatGPT е застрашувачки добар

За да стигнат до 1 милион корисници, на Нетфликс му требаа 40+ месеци, на Твитер 24 месеци, на Фејсбук 10  а на Инстаграм 3 месеци. Истата цел, соговорникот со вештачка интелигенција ја постигна за само 6 дена. Само не го прашувајте како да се среди тероризмот. 

Нов Зеланд на следните генераци им забрани да пушат

Нов Зеланд воведе нов закон според кој сите што се родени после 2008-ма, не сега туку никогаш во животот нема да смеат да купат цигари. Законот го следи амбициозниот план да се искорени пушењето на долг рок, но како што опаѓа продажбата на „аналогни“, расте продажбата на електронските цигари. 

Границата за болест е спиење помалку од 5 часа

Помалку од 5 часа континуирано спиење навечер, значи не агрегирано преку цел ден, ги зголемува шансите за повеќе хронични здравствени проблеми, тврдат истражувачите кои испитувањето го прават кај луѓе на возраст над 50 години.

Главната разбирачка меѓу Кина и Саудиска Арабија е да не си се мешаат по дома

Круна на и онака историскиот договор што го постигнаа двете држави е дека тие „ќе се поддржуваат една со друга но во меѓувреме нема да си се мешаат во своите внатрешни работи.“

И Германија има свое Вевчани

Неделава германските службите спроведоа рација во која уапсија 25 лица под обвинение дека подготвувале државен удар. Привлекоа внимание сознанијата дека не се баш класични терористи, туку припадници на кралство, а Би-би-си веднаш појде на гости кај кралот. 

Убавото лице на европската корупција

Гркинката Ева Кали инспиративно говореше како спортската дипломатија довела до историски промени во Катар. Сега е уапсена за корупција и перење пари поврзани со Катар. Дека е убава - убава е. Ама и дека лакома - лакома е. Дури и нашата капитулација да си го смениме името ѝ беше малку.  

Палестина во срцето на фудбалскиот успех на Мароко

На многумина им делува чудно што марокански фудбалери се сликаат со знамето на Палестина, а мароканските навивачи скандираат пароли и за Палестина. Толку западниот меинстрим го познава арапскиот свет и фактот колку Палестина е симбол за непокор и анти-колонијален стремеж.