Последно за плинските решоа: Ок се

„Плинските шпорети да ти биле штетни како пасивното пушење“, известивме пред некое време за заклучоците од една европска студија на таа тема. Сега Американци направиле студија за истото прашање и тврдат дека со плинските шпорети сè е во ред. „Поважно е што готвиш,“ потсетуваат вториве. 

Нова независна студија заклучила дека печките на плин не се „значаен фактор за квалитетот на воздухот во затворени простории“.

Анализата спроведена од Catalyst Environmental Solutions со седиште во Калифорнија испитала десетици постоечки студии и владини извештаи и се заклучило дека постојните истражувања не докажуваат значајна врска помеѓу респираторните заболувања и употребата на шпорети на гас.

„Кога станува збор за квалитетот на воздухот во затворените простории во кои се готви, главниот ризик е од она што го готвите, а не од горивото што го користите за готвење“, тврди претседателот на Каталист. 

На пример рибите. Кога се пржат, се произведуваат големи количини штетни емисии, понекогаш доволни да се активира алармот за пожар. Тие чуревници се поштетни за дишните патишта отколку прашањето дали храната се готви на шпорет на плин или на струја.

Во онаа претходна студија се тврдеше дека над 700.000 случаи на детска астма во Европската унија лани биле поврзани со готвењето на плин дома и се предлагаше плинските шпорети да се продаваат со предупредувачки етикети, исто како кутиите за цигари.

*********

Види и:

Мапирање на енергетското сиромаштво во Европа

Русин правел пренос од својот плински шпорет. Американци го блокирале.

 

15 март 2023 - 15:36