- Некој Русин правел пренос во живо од работата на својот плински шпорет, со порака „Од Русија со љубов“.
- После два дена пренос, американската платформа Твич за споделување видео преноси во живо му го суспендирала акаунтот.
- Месечната сметка на Русот за домашниот плин му изнесува 1,44 евра.
- Агенцијата за храна и ветеринарство забрани употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради сомнение дека е загадена.
- Над 1.200 жители на Гостивар во изминатите неколку побарале медицинска помош во Градската болница поради стомачни тегоби и повраќање.
- Проблемот е пријавен и во Секторот за внатрешни работи Тетово, кој утврдил основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои полнело вода директно во главниот цевковод што го напојува градот.
- Се претпоставува дека ова било направено за да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на вода за пиење, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар.
- „Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, поради сомнение за сторено кривично дело Загадување на вода за пиење, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик“, соопшти СВР Тетово.
- Американскиот „Убер“ понуди речиси 15 милијарди долари за да ја купи германската компанија за достава на храна „Деливери Херо“, која е сопственик на „Глово“ и брендови како Фудпанда, Талабат, Фудора и други, со кои доставува храна во речиси 100 земји во светот.
- Убер моментално има околу 25 посто од акциите на Деливери Херо а новата понуда им важи само ако земат мнозински пакет акции.
- Се обврзаа во Германија дополнително да инвестираат две милијарди евра, до 2029 да ги задржат вработените и главниот уред да остане во Берлин.
- Со оваа понуда се сигнализира спремност за проширување на работењето во услови на сè пожестока конкренција на пазарите во Европа и САД. Со аквизиција на Деливери Херо, мрежата за достава на храна Uber Eats би се проширила во Европа, Блискиот исток, Азија и Латинска Америка.