Професорот Сер Крис Вити му има пишано на Мет Хенкок (оној кој прашуваше „Кога „ќе пуштиме“ нова ковид варијанта?“) дека заради ниската стапка на морталитет на коронавирусот, нема потреба вакцините да се пуштат „на брза лента“.
Тоа се случува во раните денови на пандемијата и е одговор на пораката на главниот советник на Борис Џонсон, Доминик Камингс, дека Израелците се блиску до масовно вакцинирање.
Во тоа време главната дилема беше дали вакцините да се пуштат дури откако ќе ги поминат сите пропишани клинички тестирања, или пак да се оди на побрза варијанта, за да се смирува паниката кај населението и медиумите.
Највисока стапка на смртност од ковид Англија регистрираше во април 2020 година, 626 на 100.000 лица, што изнесува 0,6 проценти.
До денес, во Англија се вбризгани 144 милиони ковид вакцини.