„Карантинските фајлови“ содржат преку 100.000 пораки и меѓу другото покажуваат како владата користела тактики за заплашување за да издејствува послушност за карантините и другите рестриктивни мерки.
Во една од пораките, Сајмон Кејс, секретар во владиниот кабинет, пишува дека „факторот страв/вина“ е „витален“ во „засилувањето на пораките“ за време на третиот национален карантин во јануари 2021 година.
Претходниот месец, Мет Хенкок, тогаш секретар за здравство, во една порака сугерира дека новата варијанта на ковид која во тоа време се беше појавила ќе биде корисна во подготовката на теренот за претстојниот локдаун, бидејќи ќе ги исплаши луѓето и ќе ги направи послушни.
Во разговор на WhatsApp од 13 декември, Дејмон Пул - еден од советниците за медиуми на Хенкок - го информирал својот шеф дека ториевските пратеници веќе се бесни поради изгледите за построги ковид мерки па му предлага да нафрлат една кампања со новиот сој. На тоа Хенкок одговара дека „на јавноста ќе ѝ се стресат гаќите од новиот сој“.
Се работело за тнр кент варијанта на ковид, поради која беше и откажан Божиќот во 2020 година.
Еден месец по овие пораки Хенкок е на Би-би-си: