Пилешки крилца как да си метнех

Американецот ланец за брза храна „Бафало вајлд вингс“ махерски реплицираше на милионска тужба против нив затоа што она што фамозно го продаваат како пилешки крилца не се крилца, туку обично бело месо. „Да, така е“, признаваат тие, „крилцата не се крилца, ама па не се ни од бафало.“

Американец од Чикаго поднел тужба тешка 9,9 милиони долари против ланецот и компанијата Inspire Brands која е негов сопственик тврдејќи ги мамат муштериите во врска со пилешките крилца и ги заведуваат да плаќаат повисока цена за нешто што воопшто не е она што се претставува.

Човекот дошол до заклучок дека нивните прочуените пржени пилешки крилца воопшто не се тоа, туку дека се работи за обично бело пилешко месо, сечено и подготвено во облик на крилца. 

Овие не ни пробаа да демантираат туку возвратија со аикидо потег:

„Како што нашите хамбургери не содржат шунка (ham), така и нашите пилешки крилца имаат 0% бафало“.

Судот ја отфрлил тужбата против ланецот кој држи 1.200 ресторани и спортски барови во САД.

 

 

16 март 2023 - 10:36