Знаете ли дека ЕУ ја финансира Русија во војната?

Да, Европската унија забрани руска нафта и мазут и е жестоко крута кон сите кои не се придржуваат кон санкциите за Москва, но рускиот течен гас и натаму е во слободна продажба. Тој руски течен гас ЕУ не само што го купува, туку го купува во рекордни количини.  

И покрај напорите да се еманципира од руската енергија, Европската унија купува руски течен природен гас на највисоко ниво во последните три години, тврди тинк-тенк Бројгел.

Европскиот блок од 27 земји, во 2022 година увезла 19,2 милијарди кубни метри руски течен гас (ЛНГ), што е највисокото количество ЛНГ што блокот го купил од Русија во повеќе од три години и претставува зголемување од 35 отсто во однос на продажбата во 2021 година.

Овие дилови ја прават ЕУ втор по големина купувач на руски ЛНГ, за кој, за разлика од нафтата и мазутот не воведе рестрикции и засега не покажува знаци за повлекување на побарувачката.

Русија лани го намали дотекот на гас како реакција на наметнатите санкции, но после диверзијата на Северен тек (види: Како Америка го уништи Северен тек -видео), сигнализира планови да дигне раце од Европа како клучен купувач, пишува Бизнис инсајдер.

Европа избегна посериозна енергетска криза благодарејќи на благата зима и зголемениот увоз на ЛНГ од САД но Русија сè уште е неизбежен извор на ЛНГ, особено бидејќи континентот сè уште е под ризик од енергетска криза. Според шефот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, континентот треба да вложи повеќе напори за да се еманципира од руската енергија, или ќе ризикува куршлуси подоцна во годината, кога ќе се исцрпат резервите.

10 март 2023 - 10:27