Работите не одат ич добро за најистакнатиот вакцинален поборник во Германија, министерот за здравство Карл Лаутербах. Неговиот рејтинг е драстично паднат, тој веќе речиси и не твита, сè почесто ги избегнува виролошките теми, веројатно за да избега од немилосрдното потсмев што го носат неговите забелешки на оваа тема.
Деновиве работите за него станаа уште полоши, откако Велт објави дека го фалсификувал своето CV додека се пријавувал за професура во Тибинген во 1997 година. Од коалициската влада, од каде што можеби очекуваше енергична одбрана, само заглушувачка тишина.
Во вакви околности, Лаутербах даде интервју за државната ЗДФ на тема несакани дејства на вакцините. Лаутербах беше притиснат и принуден да ги отфрли своите претходни тврдења од 2021 година дека вакцините се „без несакани ефекти“; призна дека секоја настаната штета е една штета премногу и ги нарече овие случаи „вознемирувачки“; го спореди таканаречениот „синдром на пост-вакцинација“ со продолжениот ковид; порача дека не е одговорен за преговарање на договорите кои ги амнестираат фармацевтските компании од одговорност; двапати ги нарече профитите на фармацевтските компании „преголеми“, предлагајќи овие фирми да финансираат институт кој би им помагал на оние кои претрпеа здравствени штети од нивните производи.
Лаутербах и натаму се држи до официјалните проценки дека сериозните здравствени штети од вакцините имаат стапка помала од 1 на 10.000.
Меѓутоа, основачот на Фондот за ран третман на ковид и Фондацијата за истражување на безбедноста на вакцините, Стив Кирш, тврди дека опасноста од сериозни здравствени штети е сто пати поголема од онаа која се признава и дека стапката е поблиску до 1 во 100 дози.
„Но, и ова е прогрес,“ вели Кирш.
* англиски превод на интервјуто имате овде