Маја има сè помало друштво

Нова студија која долго време следела пчели во еден национален парк излезе со два депримирачки заклучока во врска со нив: дека имаме изгубено преку 60 проценти од пчелната популација но и дека пчелите угинуваат со иста стапка и кога се далеку од луѓе и нивните индустриијализации и  модернизации.

Од што не знаеме што да правиме со проблемот кој го имаат а кој длабоко нè засега и нас, пчелите од неодамна почнавме да ги вакцинираме.

Проблемот е сериозен и се однесува на нивниот загадочен помор кој им се случува години наназад. И без да навлегуваме во бројки и детали, сценариото е познато. Ако нема пчели да опрашуваат, ќе нема растенија, без растенија ќе нема добиток, без растенија и добиток ќе страдаат луѓе...

Коренот на проблемот останува непознат и после најновата студија која само фрла дополнителна тежина: пчелите угинуваат со иста стапка и онаму кадешто не се во контакт со луѓе и индустријализација.

Се работи за 15 годишна студија објавена во „Current Biology“ која ги следела состојбите на пчелните заедници во длабоките шуми на националниот парк Оконеe во Џорџија. Километри и километри далеку од каков бил човечки фактор. Накратко: 62,5% од оригиналната популација ја има снемано во овој период.

Ако не е човечкиот фактор, тогаш што е? Не се знае.

Се претпоставува дека можеби улога имаат некои други агресивни видови. На пример, еден вид мравки знаат дa направат пуздер меѓу пчелните семејства (слична секирација постои за канадските супер-свињи кои ги освојуваат и САД).

Ако тоа не, тогаш се шпекулира и so покачените просечни температури на планетава, односно климатските промени, кои се стандардно објаснување за сè (ко Хепекот на Топ Листа).

Студијата не следела само пчели туку и пеперутки. И кај нив ситуацијата не е подобра. За 15 години, шумите на Џорџија изгубиле 57,6 % од популацијата на пеперутки.

   

16 март 2023 - 09:03