Пентагон забрани споделување докази со Хаг за руски воени злосторства

Администрацијата на Бајден има добиено забрана од Пентагон да му ги испрати на Меѓународниот кривичен суд во Хаг доказите што ги има собрано американското разузнавање за руски злосторства во Украина.

Функционерите на Пентагон го одбиваат ова по основа дека помагање на судот во истрагата против Русите ќе постави преседан кој ќе овозможи прогонување на Американци, додека остатокот од администрацијата, вклучително разузнавање и правда, се за предавање на доказите.

Наводно во доказите собрани од американското разузнавање имало детали кои се од интерес за главниот хашки обвинител, Карим Кан, кој ја почна истрагата пред околу една година. Материјалите што ги има САД наводно вклучуваат и одлуки на руски функционери за намерно таргетирање на цивилна инфраструктура и киднапирање на илјадници украински деца од окупираните територии.

Во декември 2022, Конгресот направи измени на постојните закони кои забрануваа САД да му помогнат на судот во Хаг.

На 3-ти февруари состанок на оваа тема има и американскиот Национален совет за безбедност, на кој министерот за одбрана на САД и понатаму останал на одлуката за вето околу соработката со Хаг.

Ваквата позиција останува да ја реши Бајден, кој е единствен што има власт да натежне на една од страните.

10 март 2023 - 11:15