Камала Харис за второодделенци

Камала Харис беше замолена да ги коментира оценките на  гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, дека украинскиот конфликт е „територијален спор“ и дека не е во стратешки интерес на САД да се здружува со Украина и бесконечно да ѝ праќа сè што ѝ е потребно за да се одбрани од Русија. 

Како потпретседателка, досега се имам сретнато со преку сто светски лидери; претседатели, премиери, канцелари и кралеви. Кога имате искуство со разбирање на значењето и смислата на меѓународните норми и правила како и со важноста на Соединетите Американски Држави цврсто и јасно да застанат зад концептот за суверенитет и територијален интегритет и цврсто да ѝ се спротивстават на секоја нација која на сила ќе се обиде да освои друга нација, ако навистина ги разбирате проблемите, тогаш веројатно нема да давате такви изјави.

***** аплауз од публиката***** 

Тоа беше за второодделенци. За оние од прво, вака:

16 март 2023 - 15:09