Со ова Ши станува прв кинески претседател кој добил трет мандат и човек кој најдолго бил на чело на државата од основањето на комунистичка Кина во 1949. Дури и Мао Це Тунг, основачот на модерна Кина, остана само 10 години на власт.
На редовниот конгрес на Ши ќе му биде обновен и мандатот за претседател на Централната воена комисија, со што под свое ја има најголемата армија на светот по бројот на активни војници.
На конгресот беше најавено и засилување на надзорот на кинескиот финансиски систем (со тежина од околу 60 илјади милијарди долари), нова агенција за менаџирање со податоци и преструктуирање на министерството за наука и технологија.
Гласањето на конгресот е повеќе процедурално и шанса да се видат сите делегати од цела Кина на едно место, бидејќи Ши ја осигура позицијата уште на есенскиот конгрес, на кој ја наполни новата влада и високите позиции во државата со свои сојузници, чистејќи ги потенцијалните ривали.
На есенскиот конгрес Ши направи измени во функционирањето на кинеската држава со кои речиси целосната власт преминува од колективното раководство на него. Со ова се поништија уставните реформи што Кина ги почна во 1970-те, кога почнува и нејзиното отворање кон Западот.