Вести

И неа ли сега да ја мислиме?

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Драматично предупредување на поранешната конгресменка Мерџори Тејлор Грин - дека на стратешките состаноци во Вашингтон се дискутира и за употреба на нуклеарно оружје против Иран, за конечно да се добие војната за која Трамп се изнавергла дека е добиена. Тејлор Грин беше ептен про-Трамп и МАГА и Америка на прво место, додека не почна да зборува за Епстин и други незгодни теми по што падна во немилост. 

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Поранешната конзервативна пратеничка Едвина Кари го сврте вниманието на британската јавност со нејзините коментари и предлози во врска со најавата дека во едно рурално место во Англија ќе бидат сместени преку илјада млади машки баратели на азил. Сосема сериозно Кари предложи да им се понуди и јавна куќа, и за нивно и за општо добро на околината.

Речник

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, во неколку наврати го известувал ФБИ за Џефри Епстин и пријавувал дека една од убавиците од неговиот магазин бил сексуално злоупотребувана и тргувана од страна на контроверзно починатиот финансиер. Федералното истражно биро успеало да ги игнорира ваквите предупредувања на Хефнер за Епстин цели 15 години. 

Вештачката интелигенција ќе ја уништи економијата

Во трудот „Стапицата на отпуштањата заради вештачката ибнтелигенција“, двајца американски истражувачи математички моделираа како брзата автоматизација со помош на вештачката интелигенција води кон кон економски колапс. Секоја компанија со најрационални мотиви ќе влезе во ВИ трката зашто ако таа не влезе, другите ќе влезат и ќе ја уништат. Но кога сите ќе се фатат за тоа оро - проблем.

Премостување на сообраќајниот хаос

Сообраќајниот хаос во пренаселените индиски градови се чини нерешлив проблем. Улиците не можат да се прошируваат а да не настане хаос, да се копа метро е бавно, скапо и дополнително ќе ја влоши ситуацијата додека „работите се во тек“. Им текнало да го решат проблемот како што отприлика го решава Спајдермен.   

Епл годишно троши 150 милиони долари само на една авио-компанија

Внатрешен податок од авио-компанијата Јунајтед покажува дека Епл е нивниот најголем корпоративен клиент, кој годишно им купува авионски карти во вредност од 150 милиони долари.

На Обамовци им тргна: од 1,2 милиони на 40 милиони долари

Разликата меѓу американски и македонски политичари е во тоа што за првите нивниот мандат е сеидба за подоцна евентуално да пожнеат пари од својата популарност. За македонските, жетва е самиот мандат, пошто после неговото завршување, и онака никој не ги ферма.

Сиромаштијо, и на ракот си му лесна

Сè помалку Американци умираат од рак, ама затоа, бројот на сиромашни се зголемува во однос на бројот на богатите. А од рак најмногу умира сиромаштијата.

Германски АФД почна да вергла за „дегзит“

Крајно десничарската Алтернатива за Германија изгласа дека треба да започне со кампања за повлекување на Германија од ЕУ доколку Брисел не ги исполни нивните барања за реформирање. Инаку АФД беше прилично небитна партија до последните избори.

Макарони и сирење, без брзање

Костко, еден од најголемите ланци на супермаркети во САД, почна да продава синдикална доза макарони со сирење чиј рок на траење е 20 години.

Фатва на европски начин

30 години после иранската фатва за писателот Салман Ружди, Европа сериозно регресира во поглед на слободата на говорот и мислата. Во една петтина од континентот кривично се одговара за богохулење.

Американските студенти должат 1.500 милијарди евра

Студентските долгови во САД никогаш во историјата не биле толку големи. Во кредитно ропство заради студиите се 44 милиони Американци.

Американски државни службеници бараат донации

„Јас сум Томислав Тунтев, државен службеник, ве молам дајте некој денар за да се избутка месецов“. Вакви и слични апели ќе читавме да беа вработени во американската федерална влада која по наредба на Трамп од декември е на принуден и неплатен одмор. За жал, немаме ние среќа да гледаме таков сеир.  

Нешто од интересните новотии на ЦЕС 2019

Саемот за потрошувачка електроника бидна и за годинава, и стандардно донесе нова генерација на најразлични електронски производи што најочигледно ќе ти покажат колку многу е застарена опремата што ја имаш по дома.

„Виша сила“ е надминат концепт?

Терминот губи на значење во време кога знаеме дека човечкатa aктивност е онаа која ги предизвикува екстремните климатски појави.

Смртта на боледувањето

Ви тече нос, имате температура, едвај стоите на нозе, а сепак се силите да работите од дома? Мобилноста, чувството на вина и компетитивноста, прават денес човек да не е раат ни кога е болен.

Реакцијата на Макрон за Жолтите елеци прави Путин да изгледа како бајче

Макрон прво ги поткупи Жолтите елеци, што малку го стиши гневот на демонстрантите, но не го згасна целосно насилството, па сега францускиот претседател се одлучи на решенија кои се „построги од правилата што режимот на Путин ги користи за потиснување на политичката опозиција“.

Зошто толку од нас сакаа да веруваат во системот за чистење океани што крахираше?

Мултимилионска направа која требаше систематски да го чисти ѓубрето во Пацификот во согласност со очекувањата на експертите се расипа и моментално ја влечат накај Хаваи за поправка.

Како да станеш најбогатата жена на светот?

Чекор бр. 1: Разведи се од најбогатиот маж на светот.

А зошто данок од 70% за богаташи да не е разумен?

Откако тазе демократската конгресменка Александриа Окасио-Кортез предложи данок од 70% за оние со богатство на 10 милиони долари, народ се побуни како на сите да им фалат 100 долари до 10 милиони.

Град во Финска воведува „полициски час“ за млади

На сајтов скандинавските земји обично се наведуваат како позитивен пример, за екологија, безбеден сообраќај, квалитетно образование. Оваа вест само на прв поглед изгледа обратно.

Гугл решил дека на 20 милијарди евра најдобро ќе им биде да легнат на Бермудските острови

Парите се префрлени во 2017, а за нив се дозна дури скоро од документи поднесени во Холандската трговска комора. Ако го прашувате Гугл, нема ништо спорно во тоа.

Кинезите тргнаа со воспитно апсење Канаѓани

Во мерка која никако не е одмазда за апсењето на директорката на Хуавеи на аеродром во Канада, Кина од апсењето на 1 декември до сега има приведено најмалку 13 канадски државјани.

Германско право на работа во пижами

Околу 40% од Германците сакаат повремено да можат да работат од дома, па германските законодавци почнаа со процедура за работодавците да ја овозможат оваа опција.

Трета офанзива против сиромаштијата

Во последните 25 години, Кина на импресивен начин успеа од екстремна сиромаштија да извади 500 милиони луѓе. Ништо помалку интересна е Индија која за 10 години, од дното извлече 100 милиони луѓе а на тој тренд се придружија Мексико, Јужна Африка и други. Бил Гејтс верува дека е можна трета рунда во искоренувањето на сиромаштијата. Треба да се зумира Суб-Сахарска Африка.

Дали Гугл се спрема комплетно да го гаси Андроид?

Без многу галама Гугл вчера објави сите Андроид апликации, такви какви што се ќе можат директ да се користат на следната генерација оперативен систем на компанијата - Гугл Фјуша (Fuchsia). Да разјасниме, Фјуша не е апдејт на Андроид, туку целосно нов оперативен систем што може да работи на најразлични уреди.

Сите се експерти зошто крахираа акциите на Епл

Епл компјутерс инк. е основан на 3-ти јануари 1977. 42 години подоцна, Епл ја прославува својата годишнина со пад на вредноста на акциите од речиси 450 милијарди долари (за споредба колку што е вкупната пазарна вредност на Фејсбук), која трае од пикот во октомври минатата година.

Најдобра фора за нега на кожата е да бидеш богат

Многу важно во овој третман кој се препорачува да трае цел живот е парите да не ги триеш директно на лице.

Оваа година на детето скратете му 10 кила шеќер

Последната студија на британскиот остров покажува дека просечно дете ја јаде количината шеќер која му е доволна да стигне до полнолетство веќе на 10 годишна возраст. Слатки тие на мама и тато.