Вести

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Речник

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

Дома не се доседува, ни кога не е твоја

Во Џорџија дури минатиот месец бил потпишан закон дека е нелегално да упаднеш во туѓа куќа и таму да живееш, но тој закон ќе стапи на сила во јули. Во меѓувреме, уапсени се шестмина кои го направиле тоа, но не затоа што упаднале и пола година живееле во туѓа куќа од половина милион долари, туку затоа што украле кола од комшиката. Им здосадило на дечките.

Голдман Сакс ги укина лимитите на бонусите за банкарите

Европската унија своевремено ги ограничи банкарските бонуси на максимум дупло од платата за да спречи ризици кои водеа до големата финансиска криза во 2008-ма година. Ослободени од европската регулатива, Голдман Сакс во Британија сега ги укинува тие лимити по што се очекува примерот да го следат и другите банки на островот. Вака им било пофлексибилно. 

Во Темза ќе се бања

Садик Кан влезе во историјата станувајќи прв градоначалник на Лондон кој се изборил и за трет мандат. Една од првите најави му беше дека ќе стори сè реката Темза да стане погодна за капење и пливање. Пред да се роди во градот во 1970-та година, Темза беше гериз прогласен за бииолошки мртва течност. Но, не е тоа единствената работа која се има сменето.

Кога МекДоналдс станува скап, јасно е дека има проблем

Резултатите на некои од најпознатите американски корпорации како Медоналдс, Пица Хат, Старбакс и други, покажуваат дека нивните купци го стегнале каишот и намалиле со потрошувачката, водејќи сметка каде ќе го потрошат секој долар. Високата инфлација помина но цените не се намалија туку се стабилизираа, што не е доволно луѓето да се опуштат.

Соборување на разбудените авторитарци

Лидерите денес не го црпат својот морален авторитет од демократското одобрување на нивните електорати, туку од нивната способност „да се издигнат над толпата“ и да се спротивстават на нивните наводно заостанати вредности. Нивните оставки се преполни со жалопојки за „популизмот“, „поларизацијата“ и наводната „токсичност“. Гласачите секогаш се имплицитните негативци, затоа што одбиваат да замолчат и да ги остават да владеат.

Републиканци ја забранија Библијата?

Во републикански доминираниот Претставничкиот дом на Конгресот со 319 гласови за и 91 против помина Законот за свесност за антисемитизам, кој би можел да ја направи Библијата нелегална во САД.

Украина е на работ

Ситуацијата е најтешка што некогаш била од првите денови на руската инвазија, и работите ќе станат уште полоши, изјавува првиот човек на украинското воено разузнавање, генерал Вадим Скибитски, во разговор со Економист.

За мир во Газа, Бајден би ги прибрал Палестинците во САД

Белата куќа размислува да им дозволи на Палестинци трајно да се преселат во САД како би се спасиле од војната која се води во нивната татковина поддржана од Белата куќа и со оружја снабдени токму од Белата куќа.

Хаг до Израел и САД: Да не ни се силите

Меѓународниот кривичен суд во Хаг побара веднаш да престане заплашувањето на персоналот потсетувајќи дека таквите закани може да се сметаат за напад врз постојаниот светски суд за воени злосторства. Не се спомнува кој заплашувал и се заканувал, но прилично е јасно: Израел и САД во последно време јако нагазија на судот барајќи да сврти глава од она што се случува во Газа.

Америка толку време се бори со бунтовници, што заборави како се води вистинска војна

Војните што САД го води последниве децении главно се герила војни, заради што и обуката, фокусот и размислувањето на американската армија е во правец на справување со бунтовници, а не фронтовски непријател.

Астразенека има нешто да признае околу вакцината на Астразенека

За прв пат и чисто заради тужба дека нејзината вакцина против ковид предизвикала смрт и сериозни повреди во десетици случаи, Астразенека во судски документи признава дека вакцината предизвикала ретки нус-појави.

Климатизмот ја напушти науката и стана идеологија

Како резултат на глобалната паника околу темата и драмолетките на Грета Тунберг, многу млади искрено се уплашени дека нема да стигнат да пораснат бидејќи дотогаш климатските промени ќе ја уништат Земјата и животот на планетата ќе го снема. Професор од Кембриџ ја смирува тензијата. Не сме на ивица на пропаста а климатизмот се оддалечи од науката и стана идеологија.

И Европа не знае баш кај тера со Русите

Русите кои на почетокот од војната избегаа од Русија во странство, сега се враќаат назад во својата татковина давајќи и значителен залет на руската економија. Од каде ваков наплив на патриотизам кај лица што пред 2 години избегале? Прашајте ја ЕУ.

Милијарди валкани долари летаат од Хитроу до Дубаи

Хитроу и Дубаи се меѓу најзафатените аеродроми на светот и на таа рута летаат милиони патници но и милијарди нелегални долари. Таа авионска линија е идеална за перење пари: на едниот аеродром не проверуваат колку пари носиш, а на другиот аеродром си добредојден со сите пари кои си ги понел. На тој налин летаат стотици нилијарди долари. А ние ќе се тресеме за две штеки цигари.

Америка ја проширува дефиницијата што е антисемитизам

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој се проширува дефиницијата за тоа што е антисемитизам, кој пак е федерално кривично дело и повлекува сериозни казни. Ова се носи како обид да се зауздаат про-палестинските протести во американските универзити, но критичарите предупредуваат дека е погубно и критиката на државата Израел да се смета за антисемитизам. 

56 компании прават пола од целата пластика

Неодамна пишувавме дека иако грижата на совест за климата упорно се натура на сите поедеднакво, половина од проектите за проширување на капацитетите за вадење нафта и гас до 2050 година се само кај пет земји. Сите богати, сите од север. Сега за пластиката. Една четвртина од целокупната пластика на оваа планета ја пуштааат само пет брендови.

Саудиска Арабија прати инфлуенсерка на долгогодишна робија

Амнести интернешенел неодамна за'ржа кон Саудиска Арабија барајќи да ја прекинат репресијата врз слободата на изразување и веднаш да ги ослободат сите неправедно приведени поради изразување на нивните ставови, вклучително и изразување поддршка за правата на жените. Еве, одма ги послушаа: „погрешно облечена“ фитнес инфлуенсерка пратија на 11 годишна робија.

50% царина или нема спас од кинески електрични возила

На Европа и требаат смели и одлучни политики за спасување на сопствената автомобилска индустрија од наездата на кинески електрични возила, а не млаките мерки што сега се разговараат во Брисел.

Универзитетот Колумбија почна да суспендира студенти

Њујоршкиот Колумбија универзитет побара да се расформира протестниот камп за Газа поставен на универзитетскиот кампус и на студентите им даде ултиматум да потпишат формулар дека се согласуваат со универзитетските политики кои ќе важат до јуни 2025 година. Во спротивно суспензија која нема да им дозволи да го завршат тоа што го почнале.

Белорусија го забрани Дојче веле како екстремистичко

Белорусија ја забрани „екстремистичката“ германска телевизиска информативна мрежа Дојче веле а министерството за внатрешни работи соопшти дека локалната ДВ Белорусија била вклучена во „екстремистички активности“. Секоја понатамошна соработка со нив може да биде оценета како кривично дело а давањето информации на редакцијата носи ризик од повеќегодишен затвор.

61 милијарда долари не се доволно

Парите што САД ги одобри за Украина се за да ја спасат земјата од крах се добредојдени на краток рок, меѓутоа на среден на Киев му треба план за финансирање како би го издржал притисокот од Русија.

Британија забрани лесни пасворди

„123456“, „admin“ и „password“ повеќе нема да бидат дозволени во Британија, а уредите кои ќе доаѓаат со лесни лозинки ќе се смета дека не ги исполнуваат минималните стандарди за безбедност.

Валканата тајна на американското бедзомништво

Во Лос Анџелес годишно умираат повеќе луѓе отколку што своевремено загинаа во Хирошима. Меинстрим наративот е дека бездомништвото е резултат на сиромаштијата, но не е. Таа се намалува а бездомништвото се зголемува. Огромен дел од оние кои се на улица се со тешка зависност или нетретирана ментална болест. Состојбата ја влошија невладините кои ги бранеа на најлош можен начин.

Европа не може да си дозволи да раскине со Кина

Ако трговски ја спукаат со Кина на големо, Соединетите Американски Држави ќе претрпат големи економски штети, инфлации и паѓање на животниот стандард, но, ќе преживеат. Европа нема таков луксуз. Таа е толку зависна од надворешна трговија и увоз, што ако успеат самоубиствено да ги избркаат Кинезите од континентот, нејзината економија ќе пропадне.