Во соопштението објавено на платформата Икс, обвинителството на судот порача дека сите обиди за попречување, заплашување или несоодветно влијание врз неговите службеници мора веднаш да престанат. Се додава дека Римскиот статут со кој е дефинирана институцијата забранува вакви дејствија.
Соопштението во кое не се наведени конкретни случаи, следува по гласните израелски и американски критики за истрагата на судот на индициите за воени злосторства извршени за време на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа.
Ниту Израел ниту неговиот главен сојузник САД се членки на судот и не ја признаваат неговата јурисдикција над палестинските територии. Судот може да гони поединци за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.
Минатата недела Израел изрази загриженост дека Хаг би можел да подготвува налози за апсење на нивни владини функционери. Министерот за надворешни работи, Израел Кац, побара судот „да се воздржи од такви намери“ и порача: „Ние нема да ја наведнеме главата или да бидеме предомислени. Ќе продолжиме да се бориме“.
Лани во октомври, главниот обвинител, Карим Кан, рече дека има јурисдикција над сите потенцијални воени злосторства извршени од Хамас или изралеските сили.
Портпаролот на Белата куќа неодамна рече дека меѓународниот суд нема јурисдикција во оваа ситуација и „ние не ја поддржуваме неговата истрага“.