Си-би-ес објавува дека изминативе недели разни агенции и институции низ администрацијата на Бајден разгледувале различни опции за преселување на Палестинци од Газа кои имаат директно семејство со американско државјанство или траен престој во САД. Ова би важело за Палестинците кои успеале да пребегаат од Газа во Египет.
Друга опција би била од Газа да се вадат Палестинци и да се примат како бегалци доколку имаат американски роднини. За ова ќе биде потребна соработка од Египет кој дава се од себе да прими што е можно помалку луѓе од Газа.
Оние кои ќе исполнат серија на проверки за подобност, безбедност и здравствена состојба ќе бидат префрлени во САД со статус на бегалци а таму би добиле траен престој, олеснување како помош за вдомување и начин како да стигнат до американско државјанство.
Процената на Си-би-ес е дека овие услови ќе ги исполнат релативно мал број од стотиците илјади раселени Палестинци низ Газа.