Во Темза ќе се бања

Садик Кан влезе во историјата станувајќи прв градоначалник на Лондон кој се изборил и за трет мандат. Една од првите најави му беше дека ќе стори сè реката Темза да стане погодна за капење и пливање. Пред да се роди во градот во 1970-та година, Темза беше гериз прогласен за бииолошки мртва течност. Но, не е тоа единствената работа која се има сменето.

Припитомувањето на Темза не би било првото пливање на Кан спротивно од струјата. Како син на возач на автобус и шивачка од Пакистан,  Кан се градеше токму со демантирање на шансите кои му се даваа, пишува АП.

Израснал во „општествен“ стан со седум браќа и сестри, посетувал училиште со жестоки соученици, продолжил да студира право. Беше адвокат за човекови права пред да биде избран во Парламентот во 2005 година од централно-левичарската Лабуристичка партија.

Професорот Џек Браун од Кралскиот колеџ во Лондон вели дека дека не е сигурен дека некој сака да плива во Темза, но Кан го направи тој проект приоритетен.

„Постигнавме огромен напредок во чистењето на воздухот во Лондон и ги надминавме очекувањата. Сега е време да ги исчистиме и нашите води“ ќе каже Кан.

Сепак, тој ни оддалеку не е консеунзуално популарен и му се препишуваат многу утки и погрешни одлуки. Неговата екипа потсетува дека тој ги нема овластувањата што ги имаат градоначалниците на Париз или Њујорк, на пример, и дека градските политики мора да ги координира со дури 32 општини.

Во 2016-та година, Садик Кан стана првиот градоначалник муслиман во Англија. Осум години подоцна, ситуацијата во земјата е многу различна. 

Лоренс Фокс, лидерот на десничарската Риклеим партија ќе сумира вака на Икс:

Градоначалникот на Лондон е муслиман.

Градоначалникот на Бирмингем е муслиман.

Градоначалникот на Лидс е муслиман.

Градоначалникот на Блекбурн - муслиман.

Градоначалникот на Шефилд е муслиман.

Градоначалникот на Оксфорд е муслиман.

Градоначалникот на Лутон е муслиман.

Градоначалникот на Олдам е муслиман.

Градоначалникот на Рочдејл е муслиман.

Сето ова го постигнале само 4 милиони муслимани од 66 милиони луѓе во Англија.

Денес во Англија има над 3.000 џамии.

Постојат над 130 шеријатски судови.

Постојат повеќе од 50 шеријатски совети.

78 проценти од муслиманките не работат, добиваат државна поддршка + бесплатно сместување. 63 проценти од муслиманите не работат, добиваат државна поддршка + бесплатно сместување.

Муслиманските семејства поддржани од државата со просечни 6 до 8 деца добиваат бесплатно сместување.

Сега од секое училиште во Обединетот кралство се бара да држи часови за исламот.

Дали некогаш некој добил можност да гласа за ова?

 *************

Мик Џонс (58 години): Првичната инспирација за "London Calling" не беше британската политика. Беше нашиот страв дека ќе се удавиме. Во 1979-та читавме наслови дека водата ќе надојде и Темза ќе го поплави градот.

* „Како ја правевме "London Calling

5 мај 2024 - 09:28