Извесна Џо-Ема Ларвин и нејзиниот дечко летале од Хитроу до Дубаи со бизнис класа, носејќи седум полни куфери. Куферите биле накрцкани со милиони фунти спастрени во пачки. Ги носеле кај некој меѓународен перач на пари кој тоа го прави за солидна маржа, претворајќи ги во злато и одбрани валути. Тој им рекол дека Хитроу-Дубаи е оптимална рута.
Британија бара од патниците да пријават ако носат повеќе од 10.000 фунти, ама, толку. Куферите на овие двајца мазно минале низ скенерот на Хитроу бидејќи тој проверува само експлозиви и други опасни сусптанци.
Неколку часа подоцна, двојката го собрала нивниот багаж од аеродромот во Дубаи без никаков стрес. Во Обединетите Арапски Емирати нема лимит колку пари може да се внесат, само треба патникот да ги пријави. Џо-Ема Ларвин пријавила дека носи 2,8 милиони долари.
Според проценките, перачите на пари секоја година внесуваат во глобалните финансиски системи над 2 трилиони долари од нелегални бизниси. Според податоците на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и една меѓувладина агенција која развива стандарди за спречување на перење пари, патниците на меѓународните авионски линии носат кеш во вредност од стотици милијарди долари.
Портпаролот на Емирати Ерлајн на Волстрит журнал им одговорил дека откривањето на шверцот на кеш е одговорност на властите од каде потекнува готовината.
Властите во ОАЕ признаваат дека од 2020 година, Ларвин внела 125 милиони долари и е само една од трисетината редовни „инвеститори“ кои работат за перач на пари во земјата.