Високите цени остануваат причина број еден за загриженост на американските потрошувачи чиј број се намалува бидејќи луѓето гледаат да заштедат на секој долар.
Во првото тромесечие, прометот на МекДоналдс бил во постојан пад не само во Америка, туку и во Австралија, Канада, Германија, Јапонија и Обединетото кралство.
Некои компании наведуваат и други причини за падот кои не се баш уверливи. Во Старбакс, на пример, чии акции паднаа за 17% после најавата на падот на продажбата, се пожалија и на лошото време. Матичната компанија на Пица Хат, КФЦ и Тако Бел ги обвини снежните бури за лошите резултати.
Истовремено, конкуренцијата е станата пожестока па сега сите се борат за сè помал број купци.
А нивниот број се намалува затоа што цените во рестораните се зголемија повеќе отколку цените на намирниците.