Празната куќа која ја запоседнале шестемина „падобранци“ е проценета на 518.000 долари. Таму биле од Божиќ.
Воделе куче да го прошетаат наоколу, биле љубезни со комшиите, единствена грешка им била што еден ден решиле да го украдат комшискиот автомобил, за да прошетаат малку подалеку.
Асоцијацијата на сопственици кои изнајмуваат куќи и станови проценува дека во цела Атланта има 1.200 куќи во кои живеат неповикани луѓе а во потесната област во која биле уапсениве постојат 475 домови во кои самоиницијативно се вселиле сквотери.
Дури и со новиот закон кој пропишува дека е нелегално „влегување и престојување на земјиште или простории без согласност на сопственикот“, казната за овој престап е блага: 1.000 долари. Зависи кога ќе те фатат ама генерално, ама може доста да се заштеди на месечни кирии.