56 големи брендови се одговорни за над 50% од пластичното загадување на Земјата.
Нова студија објавена во Science Advances. покажа дека компанијата Кока-Кола е главнa и самата стои зад 11% од пластичното загадување.
Во првите пет се и Пепсико, Нестле, Даноне и Алтриа. Тие заедно прават една четвртина од светската пластикa.
Годишно се создаваат околу 400 милиони тони пластичен отпад, а најголемиот дел завршува на депониите и океаните, се вели во студијата.Поописно, количината на отпад е еквивалентна на 2.000 камиони за ѓубре полни со пластика што се фрлаат во светските води секој ден.
Од 1,8 милиони собрани парчиња пластика, околу 900.000 биле видливо брендирани.
Како одговор на наодите, Кока-кола објави дека останува посветена на одржливоста преку својата стратегија „Свет без отпад“, која има за цел да го направи сета амбалажа погодна за реицклирање до 2025 година. Компанијата вети дека ќе вгради најмалку 50% рециклиран материјал до 2030 година.
Сепак, огромно мнозинство пластика што луѓето ја користат воопшто не се рециклира, потсети Гринпис.
Алтриа пак, тври дека студијата е фундалментално неточна во нивниот пример. Таа вклучува податоци од над 80 земји, а нивната Филип Морис оперира само во САД па не им се чини веродостојно дека тие се одговорни за 2% од глобалното загадување со брендирана пластика.