Живот и забава

Зошто дождот толку добро мириса

Не е дека јуни нè натера да сонуваме за дождови, туку излезе дека целиот мерак за дожд човештвото го носи со себе уште праисторија, бидејќи тој најдиректно бил поврзан со нашето преживување. Сепак, меракот на мирис на дожд е сосема друга работа.

Супермен го спаси светот, ама ја упропасти Земјата

Во добрата Супермен традиција најновиот филм на темата завршува со џиновска, разорна битка меѓу "нашиот" и Генерал Зод. Откако тие се истепаа, луѓето седнаа и пресметаа колку пари би нè чинело тоа што Супермен нè одбрани.

Зошто Европјаните 200 години се плашеа од патлиџанот?

Од крајот на 1700-те па се некаде до 1880-та, прекарот за домат во Европа бил "отровно јаболко". Причина, аристократите кои го јаделе, постојано се разболувале и умирале од него. Причина, го јаделе во чинии кои имале високо количество на олово, доматот сам по себе има високо ниво на киселост, што на крај завршува со смрт.

Швеѓаните ќе градат облакодер од дрво?

Нацијата што го малтретира светот со составување наткасни по дома, сега одлучи да направи цел облакодер чисто од дрво, без бетон и челик.

Конан за рекламите: одвратни сте ми ама ќе ви ги земам парите

Без никаква гадливост од заработување пари и интегрирање производи во шоуто, Конан би направил се за огласувачите, само да не треба тој самиот на себе да си изгледа глупо.

Моментите пред фотографијата

Од илјадниците текстови што се пишуваат за немирите кои се случуваат низ планетава, речиси секогаш најзапаметени остануваат фотографиите. И покрај сите приказни што ги раскажуваат фотографиите, до сега ја немаме чуено приказната за тоа како тие се направени.

Дијабетес, уште малку

Анализирајќи ја комплетната реакција која го спречува панкреасот да произведе инсулин, докторите од Детската болница од Бостон успеаа да го откријат изворот на дијабетес, а тврдат дека им фали уште малку истражување за да најдат и лек за него.

Како да направиш старо виски за една недела

Годинава Американците ја започнаа со бунт (многу посилен отколку овој за шпионирањето од НСА) заради тоа што Maker's Mark (немајќи доволно залиха) реши дека најдобро би било ако ја разводни постојната резерва на својот бурбон. Идејата не им пројде. Сега еден нов производител тврди дека знае како да создаде одлежано виски за една недела.

Официјално: Градските паркови нè прават среќни

Подолго време минато во природата на градските паркови го зголемува задоволството од сопствениот живот и не прави помалку агресивни и анксиозни. Можеби кон здравјето, чувството за безбедност, задоволителната работа и позитивните социјални односи треба да се додаде и пристапот кон природата како едно од делчињата од мозаикот на среќата на градските луѓе.

Самсунг купи 1 милион албуми од Џеј Зи

Уште пред воопшто да се појави во јавност, Џеј Зи веќе заработи 20 милиони долари на Magna Carta Holy Grail.

Аеродромот што стана пристаниште

По речиси 75-години служење како еден од главните аеродроми во градот, во 1998-ма се затвора Хонг Конг Интернешнл. Властите не само што решаваат да не го рушат, туку го чуваат една деценија и вложуваат еден тон пари во објектот.

30-ти роденден на Црна Гуја

15-ти јуни 1983-та почнува емитувањето на една од најлегендарните серии во историјата на телевизијата, серија која беше неповторливо поткована со ликови како Перси/Дарлинг, Болдрик, Џорџ, Црна Гуја, серија која им ги дава веројатно најдобрите улоги во кариерите на спектакуларните Роуан Аткинсон, Стивен Фрај, Хју Лори и Тони Робинсон.

Кој е крив за менопаузата? Мажите, и да не си зуцнал

Склоноста на мажите кон помлади жени, ги оставило повозрасните жени со помал избор на партнери и шанси за репродукција, заради што со текот на еволуцијата кај нив се појавува менопаузата.

Не си го продавај Кољо паркингот

Во една прилично напната аукција, жена од Бостон купила две паркинг места во едно од најпроблематичните места за паркирање во градот, по цена од - пола милион долари.

Пивскиот стомак е мит

Општоприфатениот став за пивскиот стомак - дека пивото некако успева да го таргетира само стомакот - воопшто не одговара со медицинската наука.

Со чисти раце

Наспроти уверувањето дека модерниот живот ги подига стандардите за хигиена, последните истражувања покажуваат дека само 5 проценти од Американците рацете ги мијат прописно.

Најразочарувачката вест што ќе ја прочитате во догледно време

Да бидеш стажант во Гугл значи да се наоѓаш на дното од хиерархијата, да немаш никаква безбедност, во секој момент да може да те отпуштат и да ја добиваш работата што никој друг не ја сака. Ама па за 6.000 долари месечно и ова ќе се издржи некако.

Планот на Њујорк од 20 милијарди долари за заштита од следната Сенди

Градоначалникот Блумберг го откри системот за подготовки за невреме и заштита од поплави, со кој градот ќе биде подготвен за невреме кое се случува еднаш во 500 години.

Најпеколниот кружен тек во светот?

Без да закачаме по полови, тука ние како нација не би влегле ниту со оклопна кола, што не значи дека жителите на Хо Ши Мин го немаат завладеано ова.

Урбаната шума со храна за секого

Како би изгледало шума која е составена од најразлични овошки, која е сместена во вашето маало и од која можете без никаков проблем слободно да влезете и да си наберете што сакате. Баш ова го имаат во Бикон фуд форест во Сиетл.

Како за малку можеше да не се сними Игра на тронови

Со просек од 13,6 милиони гледачи по серија (во САД), во неделата заврши третата сезона на Игра на троновите, една од најуспешните серии на телевизија која никогаш немаше да биде снимана ако претседателот за програма на ХБО не решел да отиде на фитнес.

Витамини од шише и зошто не

По дефиниција витамините се неопходни за претворање на храната во енергија. Кога луѓето не добиваат доволно витамини, тие страдаат од болести како рахитис. Проблемот не е дали на луѓето им требаат витамини. Да, им требаат. Проблемот е колку им требаат и дали добиваат доволно преку храната.

Колку би платиле за вашата невеста?

Како за ретко што Кинезите имаат прилично солидни стандарди околу свадбите, па пред било што да се случи зетот треба (буквално) да ја купи невестата од нејзиното семејство. За да нема ценкање, направиле и ценовник за целата земја.

Сити и жедни

Во неповрат одат 24 проценти од водата која се користи во светското земјоделство. Како? Преку храната која ја фрламе.