Стравот на ХБО е што Мартин не се брза премногу за да ги напише последните 2 книги, ако се земе во предвид дека последната, 5-та, е издадена вп 2011-та. До сега во трите сезони на серијата се покриени првите две книги и една половина од третата. Следната сезона ќе се базира на втората половина од третата книга, Бура на мечови.
Кога неделава претседателот за програма на ХБО, Мајкл Ломбардо, бил запрашан колку долго ќе трае шоуто, тој имал само порака за Мартин: "Почни да пишуваш."
"Додека 3-та книга е омилена меѓу фановите на Мраз и оган сагата, книгата број 4 се смета за најслаба. Гозба за враните вклучува нови ликови додека ги избегнува некои од омилените имиња како Тирион, Џон и Денерис. Бидејќи случувањата во 5-та книга на големо се преклопуваат со 4-та книга, Троновите ќе почнат сериозно да ги мешаат двете книги за да се одржи хронолошката конзистентност. Некои елементи од 4-та книга нема да бидат пренесени за Троновите да можат ефективно да го прикажат универзумот на сегашната приказна и ликови," напиша Џејмс Хиберд за Ентертејмент викли.
Една од не најсреќните опции е можноста дека коавторите на шоуто Дејвид Беноф и Ден Вајс да седнат и да го напишат остатокот од серијалот пред Мартин да ги заврши книгите.
Сега за сега, на шоуто му остануваат на располагање две цели книги и половина од третата.