За разлика од нив, Коен сметал на R рејтинг на филмот (забранет за деца под 17 години без придружба на родител) во кој отворено ќе биде раскажана целата приказна на талентираниот пејач.
Коен го ангажирал Питер Морган (Rush, The Damned United, Frost/Nixon, The Queen) за пишување, и режисерите Дејвид Финчер (House of Cards, The Social Network, Fight Club, Se7en) и Том Хупер (Les Miserables, The King's Speech, The Damned United) за развивање на проектот, меѓутоа ниту една верзија не била одобрена од членовите на бендот.
Уште од почетокот целиот проект се базираше на тоа дека Коен ќе го глуми Фреди, заради што сега целата организација за снимањето на филмот за Фреди е ставена на пауза.