Таг: Саша Барон Коен

Саша Барон Коен се врати во Америка

И пак како герила комичар, и пак заинтересиран за американското секојдневие, само овој пат наместо еден Коен глуми серија карактери: од крајно-либералната Др. Нира Каин-Ен’Дегочело „цисџендер бел хетеросексуален маж, за што се извинува“, до Еран Морад набилдан израелски лудак по оружје кој сака да ја натера Америка да ги вооружи своите основци. Серијата е на Шоутајм и снимана е во изминатата година и нешто, има седум епизоди, а првата беше емитувана на 15-ти јули.

До линчот и по него

Клипот е од Бруно, филмот за австрискиот моден репортер, и е сниман во Арканзас, еден од упорно најзакоравените делови на САД. Случувањата во рингот се по сценарио, сè надвор од него е на "што ќе даде Господ."

Саша Барон Коен се откажа од Фреди Меркјури

Британскиот актер одлучи да си замина од проектот за биографски филм за пејачот на Квин заради креативни разлики. Конкретно, останатите членови на Квин сакале филмот да биде класификуван во категорија достапна за деца.

Писмо од диктаторот

Со секоја копија од Диктаторот што филмските критичари ја добиваат за рецензирање, студиото им испраќа и писмо напишано токму од Адмирал Генерал Аладин.