Тебе во основа не те вработува Амазон. Речиси секој е вработен од агенција за вработување. Како и да е, на почетокот треба да потрошиш час и половина од твоето време за да пополниш онлајн апликација и да го решиш лудиот тест за твојот карактер. Не сум сигурен зошто имаат толку долг тест (сум пополнил голем број апликации во последно време и сите тие траат меѓу 15 и 45 минути, не 1,5 час!) бидејќи А) оваа работа дури и на мајмун би му била лесна, ова е работа која дури и твоето куче би ја сконтало, и Б) тие изгледа дека вработуваат секој што има пулс.
Следно се појавуваш на твоето "интервју" и евентуалното вработување на лице место. Тука ве собираат на серија станици, на кои пополнуваш уште тестови кои докажуваат дека можеш да читаш или барем да ги препознаеш буквите од азбуката, седиш и гледаш корпоративна видео пропаганда и чекаш на твоето "интервју". Моето беше со една многу фина млада дама, која во основа ме праша дали сум граѓанин на САД и праша дали можам да ги исполнам физичките услови. Воопшто нема од оние "која е твојата силна страна" прашања. Таа ми ги постави сите прашања и услови кои веќе ги пополнив онлајн. Мислам дека на девојката и беше малку жал за мене бидејќи бев преквалификуван и подобро облечен од кој било таму, па затоа се обиде да ми даде малку повисока позиција иако не чувствувам дека тоа е возможно во оваа работа...
Сега веќе имаат минато 3 или 4 часа од твоето интервју, и секако воопшто не ти го плаќаат времето што било потребно за да те вработат. Тренингот за работа е навистина забавен. Прво голем број од нас испратија на погрешна врата од магацинот (што не е кул заради неговата големина, ќе ви објаснам подоцна), ама кога ќе стигнеш на правото место повторно не собраа во група. Целиот процес е стоење во линија, одење или седење каде што ќе ти кажат и цело време си во ограден простор. Мојата прва мисла беше дека ова е затвор, споредбите беа очигледни. Цело време сакав да прашам некој што стои пред мене во линија или што седи "па, ти за што си тука?" Ова ќе биде комплетно соодветно прашање.
Гледавме смешно видео за сексуално малтретирање на работа и човекот од (одделот за) превенција ни зборуваше. Ова всушност беше најголемиот дел од нашиот тренинг - да му влезе на секој во глава дека не треба да се краде. Тој тврдеше дека во складиштето има 500 видливи камери и над уште 500 скриени. Тие дури имаа ставено камери во собата за одмор бидејќи им ги крадеа ручеците на луѓето. Тој збореше и збореше за тоа како никогаш нема да ти успее крадење, па затоа подобро да не крадеш. И дека за 6 месеци отпуштиле 120 луѓе само заради кражба. Раскажуваше и смешни приказни за тоа како луѓето ги фаќаат на најразлични начини. За жал, број 1 најкрадена стока се кондомите. Секс играчките исто така се некаде во врвот на листата. Сега откако неколку денови работам тука, чувствувам дека како и сите џандари и тој не ја кажа вистината и претера. Не би рекол дека е лесно да украдеш, посебно ако имаш во предвид дека треба да минеш низ детектор за метал секој пат кога ќе одиш на ручек или ќе излезеш од зградата, ама има начини како. И јадењето храна (од магацинот) е дефинитивно возможно, бидејќи насекаде гледам хартии и други докази за храна на патосот.
Морам да ви ја опишам и големината на местото... ова е поголемо од 12 градски блокови. Синоќа ми требаа 15 минути за да стигнам до работа со автомобил - кога пристигнуваш има редица автомобили кои чекаат да влезат на паркингот. Чекањето во таа редица за да добијам паркинг место траеше 15 минути, исто колку што ми требаше да стигнам до тука. Не постои начин јас комплетно да ви ја опишам големината на магацинот. Во него има над 11 километри транспортни ленти. Стоката се складира на двата краеви на магацинот. Замисли библиотека со мали рафотви. Сега замисли 13 редови со по 250 колони со вакви рафотви. Сега замисли го истото ова на 3 ката. И за крај сето ова замисли го дупло бидејќи има две вакви "библиотеки," по една на секоја страна.
Паузата ти трае по 15 минути, два пати на ден и имаш 30 минути за ручек. А ако си на погрешно место од магацинот може лесно да се случи да минеш од 800 до 1.600 метри за да стигнеш до местото за пауза, а ова време ти е вклучено во паузата. Па затоа некогаш стигаш на пауза седнуваш 5 минути и потоа пак продолжуваш со ебаното пешачење.
Работата ти е да се скенираат пакетите, да се пребројат срањата во пакетите, да го внесеш бројот во твојот скенер и да го повторуваш ова срање цели 10 часа. Ако пребројувањето не ти се поклопи, тогаш мора да го испразниш пакетот и да преброиш. Треба да преброиш 125 пакети за еден час. Уште вториот ден стигнав до 285, а можев да минам и 300, ама батеријата ми се истроши. Од тогаш цело време забушавам и останувам околу 150 или така нешто. Се уште имам време да разгледам некој филм или книга што ќе ми се видат интересни, имам време за пауза за вода, истегнување и сл. Не е тешка работа, само е ебано монотона и досадна. Лудиот дел е што има голем број на луѓе кои не можат да стигнат ни до 125 пакети во еден час. Ова ти доаѓа прегледување на еден пакет на секои 30 секунди. Најголемиот дел од пакетите имаат помалку од 10 предмети. Ова не' носи до работната сила...
Веројатно најдобриот дел од работењето тука е разноликоста на работниците. Ги има секакви. Од човекот што личи на колеџ професор, до луѓе кои живеат во својот автомобил и баби и панкери со четка итн. На некој начин мислам дека е добро што овие луѓе не можат да ги постигнат своите квоти 'затоа што работава е навистина тешка', но од друга страна сум загрижен за физичкиот и ментален склоп на некои од овие луѓе. Ова не е политичка изјава, туку тие навистина не можат да ја завршат работата. На почетокот од смената и по ручекот сите правиме едни смешни вежби за растегнување, кои ме потсетуваат на старите видеа од 80-те од јапонските фабрики, во кои тие вежбаа и слични срања пред да продолжат со работење на повеќе работни часови од која било друга индустриска држава. Во нашиот круг за истегнување имаше еден куп дебели луѓе кои се преправаа дека се истегнуваат.
Тука работам само една недела и веќе имаме присилна прекувремена работа за неодреден период. Немам желба да работам повеќе часови, ама ќе останам без работа ако не го направам тоа. Единствената работа што се постигнува со прекувремените часови е што ме оддалечува од наоѓањето на подобра работа :) Сериозно, сфаќам дека сум во привилегирана позиција и имам многу подобри опции. Некои од моите колеги ме гледаат како да сум луд секој пат кога зборувам колку е срање работава и дека цело време аплицирам за други работи. Стварно? Не се трудат ниту да ме откачат со нешто како " само ми требаат парите." Шокантен е недостатокот на гадење од работната околина или недостатокот на желба да избегаат од затворот во кој работат.