Бил Гејтс неодамна купи куќа за одмор во Флорида. Куќата е на плац од 19.000 метри квадратни, има штала за 20 коњи (ќерка му се занимава со коњички спортови) и чини 8,7 милиони долари.
Ерик Шмит од Гугл додека бара куќа во Лондон, има на располагање вила во Санта Барбара, Калифорнија, што излегува на Пацифичкиот океан, која во 2007-ма ја купи од Елен ДеЏенерес за 20 милиони долари. Сосе двор, имотот има површина од 16.000 метри квадратни.
Една од куќите на Пол Ален од Микрософт се наоѓа во Малибу и чини 25 милиони долари.
Џеф Безос има куќа во Беверли Хилс, на плац со површина од 9 илјади метри квадратни. Вкупната сума која ја плати е 25 милиони долари.
Лари Елисон пред некоја година го купи Поркупајн Крик, ранч за голф од 10 милиони метри квадратни - по цена од 43 милиони долари. Главната куќа има површина од 1.720 метри квадратни, а четирите гостински куќи се со по 170 метри квадратни.
Освен овој имот, Елисон поседува и остров на Хаваи што го купи за 600 милиони долари. Тој има 98% од островот со површина од 362 километри квадратни.
На островот поседува и два хотела: Manele Bay и Lodge at Koele.
Првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг и Фејсбук милионерот (и основач на Path) Дејв Морин, летуваат во хотели.
Закерберг беше на одмор на Хаваи, каде што има капарисано стан во Хонолулу, а Морин заврши на Малдивите.
Ричард Брансон во една од најпаметните бизнис одлуки на 28 години го купува островот Некер за 180.000 фунти (успеа да го намали од оригиналната цена од 3 милиони фунти). Со купувањето тој добива обврска на островот да развие и ресорт.