Организаторките нападно ги рекламираат настаните на социјалната мрежа, обезбедувајќи основни детали и барајќи од потенцијалните посетители да обезбедат повеќе информации за себе пред да им ја откријат точната локација на забавите, пишува Брентвуд Газета, чии новинари ја истражувале целата ситуација.
Во центарот на истрагата е корисничката @essexbukkakee (многу NSFW), која инаку раководи со целата организација на забавите: разгласување на забавите, времето, локацијата и цената.
"Откако испратив конфирмација, на утрото на оргијата добив СМС со содржина:
'Локацијата за вечер е Холидеј Ин Брентвуд. Пристигнете 15 минути пред почетокот (17:30 и 19:30). Пуштете ми порака дека сте пристигнале и чекајте трпеливо. Ќе ви го пуштам бројот на собите кога ќе бидеме подготвени. Немојте да го откривате бројот на кого било. Благодарам.'
Мажите чекаа пред хотелот и на паркингот, во 19:15 ја примија втората порака:
'Ок, соба 118. Влезете низ вратата и веднаш свртете десно. Не минувајте преку рецепција.'
Седум мажи на возраст од 30 до 60 години, учествуваа во вториот настан," пишува репортерот на Брентвуд Газета, кој ја истражувал (и учествувал во) целата работа.
На влезот тие биле дочекани од маж кој им собирал пари, а потоа ја снимал целата забава внимавајќи да не ги сними нивните лица.
Подоцна неколку експлицитни фотографии од забавата биле објавени на Твитер, како доказ дека забавата се случила и како најава за следната.
Во комуникацијата на Твитер @essexbukkakee споменува и промовира уште неколку Твитер корисници кои организираат секс забави низ Британија.