Иако е спротивно на личниот инстинкт и сето на што ве учеле по дома, сепак туширањето со студена вода има повеќе бенефиции за вашето здравје, не само за разладување.
Во споредба со туширањето со топла вода, студената вода создава поголем број на бели крвни зрнца. Една германска студија покажа дека потопувањето во ладна вода со тек на време му дозволува на организмот да создаде отпор кон оксидацијата во телото. Растот на белите крвни зрнца се препишува на метаболичкиот одговор на организмот како последица на шокот од студената вода. Додека организмот се обидува да се стопли себе си, се забрзува метаболизмот, што го активира имунитетниот систем и со тоа ослободува повеќе бели крвни зрнца.
Освен ова, забрзаниот метаболизам значи и дека организмот побрзо ги гори калориите и мастите. Сепак, одредени истражувања покажуваат дека пролонгирана изложеност на студена вода прави организмот да создаде заштитен слој на сало, за да спречи смрзнување и хипотермија.
Студените тушеви се поврзани и со машката плодност. Иако не го зголемуваат производството на сперматозоиди, тие не предизвикуваат зголемување на температурата во скротумот што инаку е причина за намалено производство на сперма.
Од целата оваа работа бенефит има и природата, бидејќи за студените тушеви се троши далеку помалку енергија и ресурси.