Во студија од 2008-ма било заклучено дека кога времето е лошо никој не сака да излегува надвор, меѓутоа кога ќе пукне сонце луѓето во просек минувале по 30 минути помалку на работа отколку кога врнело. Во 2012-та универзитетите Харвард и Северна Каролина спровеле истражување на јапонски банкарски работници, во кое биле откриено слично однесување: лошото време ги прави работниците попродуктивни. Кога времето се подобрило нивната продуктивност паднала.
Во 1994-та, Џералд Клор, пионер во истражувањата како околината влијае на менувањето на расположението, открива дека убавото време често пати може да доведе до сериозни пропусти во нечие внимание. Тимот на Клор работел со 122 студенти на денови со добро или лошо време, и побарал од нив да учествуваат во истражување за високото образование. Колку било подобро времето, толку полесно било да ги натераш студентите да се сложат со не многу стабилни аргументи. На денови кога времето било сончево и топло, студентите подеднакво лесно биле убедени од силни и од слаби аргументи за високото образование. Кога времето било врнежливо, облачно или топло, нивните критички способности се подобриле и во ваквата околина само силните аргументи победувале. Клор и колегите заклучуваат дека убавото време предизвикува луѓето повеќе да се потпрат на хевристично размислување, односно тие сериозно ги користат своите ментални шорткати, на сметка на вистински анализи на ситуациите.
Сосема друга анализа заклучила дека летните денови со висока влажност на воздухот ја намалуваат концентрацијата, а ја зголемуваат поспаноста меѓу испитаниците. Топлото време влијаело и на нивната способност за критичко размислување: колку било потопло толку помалку веројатно било тие да ги преиспитуваат работите што им биле кажани.
Малку поинакви студии објаснувањето за ваквото однесување на луѓето го наоѓаат во нашите емоции, поточно во тоа што среќата кај луѓето е директно поврзана со должината на денот и сончевото време. На вакви денови, луѓето пријавиле и поголемо задоволство од животот.
Сепак способноста на топлината да го унапреди нашето расположение ја достигнува границата, отприлика во исто време кога почнуваат и топлотните бранови. По ова, ефектот рапидно го губи своето влијание.