Секоја година од 2004-та до денес, некоја филмска франшиза (продолжение или римејк) го освојува летниот боксофис по заработувачка, покажува анализата на Hollywood.com. Топ 3 филмови со најдобра заработувачка во 2004-та се 3-от дел од Хари Потер (306 милиони долари), Спајдермен 2 (458 милиони долари) и Шрек 2 (536 милиони долари).
За разлика од ова во периодот од 1993-та до 2003-та, заработувачката ја предводат оригинални филмови. Па така 2003-та завршува со Немо на првото место по заработувачка (428 милиони долари), на второ место е првиот дел од Пиратите од Карибите (со 385 милиони долари), а на третото е првото продолжение на списокот Матрикс Рилоадед (со 355 милиони долари).
До сега во 2013-та на 6 филмски франшизи отпаѓа половина од заработувачката на првите 20 филмови на боксофисот.