Режисерот на Одисеја, Шајнинг и Доктор Стрејнџлав неодамна наполни 85 години. Во сиот свој живот, само еднаш има составено листа на најдобри филмови и таа изгледа вака:
1. I Vitelloni (Fellini, 1953)
2. Wild Strawberries (Bergman, 1957)
3. Citizen Kane (Welles, 1941)
4. The Treasure of the Sierra Madre (Huston, 1948)
5. City Lights (Chaplin, 1931)
6. Henry V (Olivier, 1944)
7. La notte (Antonioni, 1961)
8. The Bank Dick (Fields, 1940—above)
9. Roxie Hart (Wellman, 1942)
10. Hell's Angels (Hughes, 1930)
Но, Кјубрик оваа листа ја има направено во далечната 1963-та година. Оние што го познаваат, велат дека некои од овие предлози би останале (Велс и Чаплин), но листата би имала некои замени ( повеќе му се допаѓал Хенри на Кенет Брана отколку на Оливие) и којзнае колку нови имиња. Се знае дека Кјубрик за најголем од сите го сметал Макс Опулс а за најдобар американски режисер Елија Казан.
Истовремено, својата листа на најдобри филмови ја понуди и њујорчанецот Спајк Ли. Листата досега им ја давал на своите студенти по филмска режија на нивниот прв час на академијата.
Целата листа е тука. Велат, Спајк Ли решил јавно да ја обелодени својата листа на омилени филмови за да добие публицитет за неговиот, досега неуспешен обид, да собере доволно пари за следниот проект на Кикстартер.