Живот и забава

А не викате, а?

Над 4.000 луѓе се пријавиле од кои биле примени само 117 за да се соберат на едно место во парк во Сеул, да седнат на душеци за јога и - да не прават апсолутно ништо. Онлајн публика гласа за тоа кој најнеправи ништо и кој изгледа најсмирено и најкул. А се мери и работата на срцето. Меѓу натпреварувачите имало и освојувач на олимписки медал.

Ќе се сруши ли империјата за концертни билети?

Долго време, глобалната музичка индустрија пишти-вришти од лакомите такси кои ги наметнува гигантот Тикетмастер што последниве години ги направија билетите за светските концерти безобразно скапи да боли глава. Американскиот департмент за правда конечно се одважи да покрене истрага против Тикетмастер и нејзината мајка фирма Лајв Нејшн. Ќе успеат ли да стават крај на најголемите предатори во музичката индустрија?  

 

Ковидот помина, вишокот смрт стоо

Можно е вакцините против ковид да се делумно виновни за порастот на таканаречениот вишок смртни случаи после пандемијата, сумира британски Телеграф пренесувајќи холандска анализа на податоци од 47 западни земји кои откриваат над три милиони вишок смртни случаи од 2020 година. А трендот продолжува. 

Имање деца е кардиолошки проблем за мажи, ама па ги држи во живот

Татковците имаат полошо кардиоваскуларно здравје отколку мажите без деца, покажала една нова студија, која паметно решила да не проверува каков учинок во овој исход има жената / сопругата.

Државни научници фино се офајдија во пандемијата

Во ковидот, луѓето почнаа сериозно да се прашуваат за блискоста меѓу Големата држава и Големата фармација. Сега се дознава колкава била таа блискост. За време на пандемијата, главната американска агенција за здравство и нејзините научници собрале 710 милиони долари авторски права.

На млади Кинези им се заарни во старечки домови

Пензионерските домови во Кина почнаа да нудат сместување за млади, истрошени, професионалци кои бараат место за екстремно рано „пензионирање“, обично некаде во 30-те години.

Белгија се сврте кон внатрешна убавина, буквално

Во Белгија заврши изборот на Топ жена фокусиран на внатрешната убавина и телесната позитивност на учесничките.

Во Америка повеќе се дува отколку што се пие

За прв пат бројот на Американци кои користат марихуана речиси секој ден е поголем од бројот на оние кои пијат со иста ваква динамика, за што во добар дел помогна и легализирањето на марихуаната во половина од американските сојузни држави.

Градоначалникот и гатачката

Локална гатачка во еден француски град го убедила градоначалникот дека може да разговара со мртви, меѓу кои и неговиот татко. Градоначалникот се навлекол на тие сеанси па имал стотици муабети со мртви, понекогаш и со ангели. По некое време, сосема очекувано, ангелите почнале да го убедуваат градоначалникот да ѝ помогне на гатачката да ја реновира куќата.

80% Американци ја гледаат брзата храна како луксуз

Сте тркнале скоро до некоја бутка за фаст фуд? Големо мнозинство Американци денес на тоа гледаат како на екстравагантност. Половина од американските потрошувачи оценуваат дека брзата храна во последно време е скапа како да јадеш во пристоен ресторан а некои тврдат дека е и поскапа.

Зградата која имитира рид

Новиот стамбен проект во полскиот град Познан го привлекува вниманието со својата фасада која потполно е прекриена со дури 140.000 билки. Но, на комплексот Аура, тоа зеленото не е наменето само да изгледа фино нацртано на проектот (како кај нас), туку смислен е цел систем како зеленилото навистина да живее а позади него да биде пријатно.

Нема тестис без микропластика

Во сите човечки тестиси што биле анализирани во американска студија се откриени траги од микропластика, што научниците сметаат дека има врска со постојано опаѓачкиот број на сперматозоиди кај мажите.

Божјиот инфлуенсер станува светец

Поглаварот на римокатоличката црква го расчистува патот за канонизирање на прерано починатиот тинејџер од Лондон чија умешност во ширењето на католичката вера на интернет му го даде прекарот „Божји инфлуенсер.“ Тоа ќе биде првиот миленијалец (личност родена во почетокот на 1980-тите до крајот на 1990-тите) кој ќе биде прогласен за светец.

Светски бунт против туризмот

Ибица и Мајорка не сакаат веќе да бидат синоним за „sun, sex and sangria“туризам па на почетокот на мај воведоа драстични ограничувања на алкохолот и соодветни мрсни казни: 1.500 евра за пиење на улица. Не се сами, многу популарни места сфаќаат дека нивниот свет е подобар без ордите туристи, особено оние места кај кои обичниот народ не гледа никакво фајде од нив.

И орлите ја избегнуваат Украина

Украина била стандардно место за прелет и одмор на орли, сè до започнување на војната која ги принудила да ги сменат научените рути и да летаат по заобиколен пат. Само еден од орлите кои биле следени со ГПС се одважил да лета директно над линиите на фронтот, другите одбрале да летаат одоколу. Бидејќи новите рути се подолги, кога ќе стигнат, малку се папсани па не им е одма до парење.

Кој си фати коза, негова си е

Козите и луѓето долго време живеле хармонично на вулканскиот остров Аликуди покрај северниот брег на Сицилија но бројот на козите во последно време толку се зголемил а тие станале бељаџии, што градоначалникот дошол на идеја да ги ангажира жителите да ја припитомат ситуацијата. Не сакаат да ги убиваат па ќе пробаат со посвојување.

Џанаците да не лижат жаби

„Како и со поголемиот дел од она што може да го сретнете во националниот парк, ве молиме воздржете се да го лизнете. Ви благодариме“ своевремено објави Американската агенција за  национални паркови. Се работи за една речна жаба која во случај на опасност се брани со испуштање отров преку кожата. Ама истовремено тоа е и најсилниот психоделик на светот, па, нагрнале заинтересирани.     

Њујорк има 350 илјади милионери

Њујорк е град во кој живеат најмногу милионери на светот. САД имаат 11 свои во глобалните топ 50-те, но, Кинезите брзо стигнуваат. Постојат градови во Кина чија милионерска популација има пораснато за преку 140% во изминатите десет години. Лондон и натаму паѓа а Москва е издишана и таму бројот на милионери е намален за една четвртина. 

Имате ли некој од најчесто користените пинови?

Во извештајот “Information is Beautiful” темелен на 3,4 милијарда ПИН-ови, се наведуваат најчесто користените комбинации на бројки. Некои од нив толку често се користат што глупо е прво нив да не ги пробате ако сакате да отворите нечиј мобилен или да пробиете картичка. На пример, „1234“ го користат дури 11% од луѓето.

Стар педофил цицал палец за да извади гз

Осуден сексуален престапник кој се појавил на судско рочиште облечен во бизарна инфантилна облека, барал да му се обраќаат како на девојче тврдејќи дека ментално е на ниво на дете од седум години. За да биде поуверлив во тоа, во судницата си цицал палец. Судијата сето тоа го дозволил. Денес и тие мора да се пазат од таквите и нивните бучни застапници.

Добитникот на 1,3 милијарди долари на лото, заврши на суд со домашните

Мажот од Мејн кој освои еден од најголемите џекпоти во историјата на САД, заврши на суд со најблиското семејство кое го обвинува дека се шконтарел и не им ги дал парите кои ветил дека ќе им ги даде.

Ова е влада

Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.   

Лисиците ги засакаа еколошките кабли

Во настојување да се замени омразената нафта од која се добиваат секакви производи, меѓу другото и изолациони материјали, во автомобилите во последно време се ставаат еколошки прифатливи изолации на кабли, најчесто на база на соја и кикирики. Англиските лисици си рекле, ние глупи ли сме гладни да остануваме на толку вкусни грицки наоколу?

Астразенека ја повлекува вакцината против ковид-19 од цел свет

Целата залиха на вакцината од британскиот производител ќе се враќа назад во магацин и ова нема никаква врска со неодамнешното признание на Астразенека дека има сериозни нус-појави од вакцината, туку едноставно пазарот бил презаситен од понови вакцини кои покриваат и нови варијанти од вирусот.