Живот и забава

Како пак не го разбраа Шарли Ебдо

Францускиот магазин деновиве објави две карикатури со Ајлан Курди, што инстантно заврши како глобален скандал, посебно во муслиманскиот дел од светот. Ако се вади некое политички коректно НЗС за сумирање на бунтот против Шарли Ебдо, тоа би било - расизам и предрасуди против бегалците.

Зошто мамурлакот предизвикува чувство на вина?

Покрај физичката и душевната болка, како и инстантното претворање во крајно бескорисен член на општеството, мамурлакот со себе носи уште еден душман кој исто така не можеш да го решиш никако поинаку освен со чекање чувство на вина.

Зошто работиме?

Не се во прашање само пари, ниту пак обезбедување на живеачка, барем не кај луѓето кои се исполнети со својата работа.

Рене Реџепи ја затвора Нома

Највлијателниот готвач на светот застанал среде едно напуштено стовариште во близина на аутсајдерското дувло во Копенхаген и на новинарот на Њујорк Тајмс му рекол: Овде ми се работи.

Мое е да си го терам своето

Џенис Џоплин доволно ја имаме преслушувано но ретко сме наидувале на нејзини интервјуа. Да ја пополниме малку дупката.

Легална марихуана вс. број на жртви во сообраќајки

Еден од главните аргументи против легализирањето на марихуаната беа повеќе студии кои покажаа поврзаност меѓу легализацијата за медицински потреби и зголемениот број возачи под дејство на марихуана кои учествувале во фатални сообраќајни несреќи. Откако во Колорадо се легализираше марихуаната по сите основи, бројките покажаа друго.

Родени сме да бидеме мрзливи

Човечкиот род е програмиран да ја штеди а не да ја расфрла својата енергија. Легачки бонус: и кога вежбате, нервниот систем работи против вас.

Како откажувањето од шеќер ми го промени мозокот

Експериментот го прави маж кој претходно ослабел 36 килограми, а тежината успева да ја одржи со броење на калории, 2.000 на ден, од што и да е - мрсно, благо, здраво. И сето ова вака го тера додека не седне да разговара со една пријателка, инаку докторка.

Зошто Американците се плашат да користат одмор?

Во Америка е вистинска реткост да работиш во приватна фирма а да имаш платен одмор. А и тие што имаат, не го земаат.

Анти-научникот што ја купи Национална географија

Организација која им дели грандови на научници, само што стана нова сопственост на милијардер кој го отфрла постоењето на климатски промени. Мурдок ја купи Национална Географија.

Способни ли сме да се информираме без слики?

Сè уште трае дебатата за тоа дали требаше или не медиумите да објавуваат фотографии од удавеното тригодишно Сиријче. На мета се најде и германски Билд кој реши да покаже како би изгледал весникот без фотографии.  

Среден менаџмент – најштетното од двата света

Може на извршните директори не им е гајле за средниот менаџмент, на вработените сигурно не им е, ама за тоа Универзитетот Колумбија е загрижен за нивното здравје.

Знаете ли што е грејсексуалец?

Прво знаевме за педери и лезбејки, после првите станаа гејеви, што е ок пошто ни остана зборот за карактерни дефиниции или изразување љубов (пер, те сакам), а некако попат успеавме да разбереме и што се метросексуалци, асексуалци па дури и пансексуалци. И пак сме назад со материјалот.

Што кога некој ќе му остави милиони долари наследство на миленик?

Жена од Менхетен која почина викендов им остави наследство од 100.000 долари на своите 32 папагали (Нимфи), кучето и мачето. И ова не се ни приближно најбогатите наследници.

Мидери што спасуваат од земјотрес

Со многу пари можат да се направат згради кои издржуваат силни земјотреси. За жал, земојтресната мапа на светот не се поклопува со онаа на распределбата на парите па земјотресите често знаат да удрат по најголемата сиромаштија. На повидок е (привремено) решение и за нив.   

Што му се случува на твоето здравје ако не земеш одмор

Консензусот во редакција е - земи две недели одмор, па и никаде да не одиш, пак убаво е да ти се промени денот, друго е. Ова "друго е" го потврдува и медицината.

Хомеопати од цел свет, приберете се

Конференција за хомеопати (официјално - алтернативна медицина) во Германија завршува во комплетен хаос откако десетици учесници земаат супстанца слична на ЛСД и почнуваат да трипаат низ хотелот и околината.

10-те правила на Бордејн за печење месо на скара

Бордејн упатството го започнува оптимистички "секое шимпанзо може да испече стек или плескавица," дополнувајќи "се што треба за да се трансформираш од дворски Чарли Менсон, во скара мајстор од светска класа, е малку техника и еден - два трика."

Како состанчеше Стив Џобс

Се проценува дека американскиот бизнис губи 37 милијарди годишно заради непродуктивни и генерално бескорисни состаноци. Стив Џобс беше човек кој не дозволуваше неговиот Епл да биде таква компанија. Три цаки со помош на кои тој состаноците ги правел супер продуктивни.

Нетфликс: Топ Гиар не вредат за парите

Кога тројката потпиша за Амазон, официјалната информација беше дека договорот бил "многу, многу, многу скап." Ова го потврдува директор на Нетфликс, кој преговараше, ама не потпиша со водителите на Топ Гиар.

На вашите мачки вие не им требате

Научна студија го покажа очигледното: дека мачките се самодоволни животни на кои не им требаат двононожни стопани за да бидат кул.

Знаете кој ви го даде Ајфонот?

Виктор Орбан панично шизи околу муслиманите кои ќе го променат карактерот на Унгарија, во Чешка би бележат како стока, во Грција маскирани и вооружени командоси им ги напаѓат чамците, во Словенија новинар би ги стрелал на граница, во цела Европа по сите линии расте ксенофобија....   

Колку дрвја има на планетава?

Ви текнува дека ние не можеме да направиме попис на луѓето во Македонија цели 13 години? А онаму во светот земале луѓето и ги преброиле дрвјата на планетава. Добрата вест е што на Земјата ги има многу повеќе отколку што досега се проценуваше. Чекај Коце, не се фаќај одма за секира.

Кит Ричардс рецензира музика

Медицинското чудо од Ролинг Стоунс деновиве го промовира неговиот нов соло албум Crosseyed Heart. Како што е редот, ова значи дека ќе треба да испочитува и неколку новинари и да им одговара на прашања. Чисто за перспектива, одговориве се на 71-годишен човек.