Биполарното растројство е состојба која се карактеризира со екстремни и неочекувани промени во расположението кои се движат од хиперактивност и егзалтација до тешка депресија и летаргија.
Знаејќи дека таквите пациенти покажуваат извесни шеми во однесувањето, италијански научници решиле да ги мониторираат и мерат промените преку нивните телефони.
На пример, маничната фаза се манифестира со физичка хиперактивност која може да биде регистрирана преку акцелометарот и ГПС-от на телефонот; симптомите како што е забрзан говор се детектираат со софтвер за анализа на говорот а бил мерен и вкупниот број активности на пациентот на неговиот телефон. Истите алатки послужиле и за дијагностицирање на депресивната фаза на човекот кој страда од биполарно пореметување.
Менталните болести не можат да се утврдуваат со био-хемиски промени во организмот туку првенствено преку надворешни манифестации. Оттука, паметните телефони можат да се покажат како исклучително корисна дијагностичка алатка затоа што не само што можат да ја утврдат моменталната состојба на пациентот туку и навремено да укажат дека тој влегува во една од двете епизоди на своето расположение.