На никотинот ова му успева со тоа што стимулира реакција на дел од мозокот кој е одговорен за производство на ацетилхолин, соединението кое ја подобрува будноста.
"Еден од неповолните ефекти на алкохолот е поспаноста. Кога се користи во комбинација со алкохол, никотинот функционира како стимуланс кој ја спречува поспаноста. И ако поединецот пуши, тогаш тој или таа е многу поверојатно да консумира повеќе алкохол, и обратно. Тие се хранат едно од друго," објаснува Маеш Такар, професор и директор на истражување на Школата за медицина на Универзитетот Мисури.
Истите истражувачи во една претходна студија околу дуото алкохол - никотин, откриваат дека кога тие паралелно се консумираат го зголемуваат задоволството со што дополнително го активираат центарот за награди во мозокот. Ова последователно доведува и до зголемена консумација на алкохол.