Списокот го прави Етиен Гарбули, маркетинг и продукт консултант од Монтреал, кој одлучува да сподели лични искуства и совети од некои од најпознатите имиња во бизнисот. Ова е дел од неговата компилација.
- Секогаш има време. Времето е во приоритетите.
- Планирај да имаш активно работно време од само 4 до 5 часа на ден, затоа што секогаш ќе се најде нешто што ќе ти го пополни остатокот од денот.
- Нормално е да имаш денови кога едноставно не можеш да работиш и денови кога работиш по 12 часа без престан. Затоа кога ти оди работи повеќе, кога не релаксирај се.
- Твоето време чини 1.000 долари на час, и така и однесувај се. Почитувај го сопственото време.
- Престани со мулти-таскинг, само ти штети на фокусот.
- Постави рутина и држи се до неа, а твоето тело ќе се адаптира.
- Секогаш сме пофокусирани и попродуктивни под притисок од рокови.
- Работењето е најдобар начин за да почнеш со некоја работа. Почни со мали обврски и ќе почнеш да добиваш залет за големите.
- Повеќе работни часови не значи и повеќе продуктивност.
- За поголема продуктивност оддели ги лесните од стратешките задачи.
- Состаноците нека ти бидат на почеток од денот. Времето до одреден настан најчесто е потрошено.
- Држи го истиот контекст во текот на денот. Префрлањето меѓу проекти / клиенти не е продуктивно.
- Работи околу забушавањето. Губи време меѓу два интензивни спринта на работење.
- Никогаш две работи не можат да имаат иста важност. Приоритизирај.
- Ако некој друг може да ја заврши твојата работа со 80% успешност, делегирај ја.
- Постави рокови за се'. Не оставај задачите да траат бесконечно.
- Не му верувај на сопствениот мозок дека ќе ти памти. Се' запишувај.
- Одмарај. Понекогаш.