Американците успеале да го пресметаат и ова, па според нив сметката за изгубена продуктивност од пиењето во 2010-та изнесува речиси 250 милијарди долари. Во сумата не е вклучено само тоа што си зомби на работа, туку и сообраќајки, криминал и смртни случаи предизвикани од претерано пиење.
Анализата на Центарот за контрола на болести ја изолира штетата што алкохолот ја има на работната околина која во 2010-та ја проценуваат на 77 милијарди долари. Кога на ва го додаваат отсуството и останатите фактори, вкупниот цех од претерано пиење се качува на 90 милијарди долари.
Во оваа сума не се вклучени смртните случаи предизвикани од алкохол. Просекот е дека секој десетти смртен случај меѓу работоспособните Американци е предизвикан од алкохол.
Последен пат ваква анализа имаат правено во 2006-та, кога вкупната загуба по исти основи изнесуваше 224 милијарди долари.
Бидејќи самото мерење на вака голема и апстрактна работа, по природа е непрецизно, Центарот предвид ја зема најниската можна сума од нивните пресметки. Односно се пресметуваат само фактори во кои алкохолот се смета за главна причина.