Зашто брокула ни за на трезно не е

Согласно непишаното правило дека човек на пијано го прави она што не смее но го посакува на трезно, третина вегетаријанци признаваат дека под дејство на алкохол посегнуваат по нивното единствено забрането овошје - месото.

Неколку пијачки знаат да ги попуштат моралните кочници кај човек; во случајот со вегетаријанците тоа е нивниот главен смртен грев, јадењето месо.

Анкета на оваа тема покажала дека пијанките кај една третина британски вегетаријанци завршуваат со месен оброк.

Од таа третина дезертери, 34 проценти рекле дека јадат месо по секоја пијанка в град, 26% рекле дека тоа го прават прилично често, 22% ретко а 18% признале само дека тоа го прават повремено.

Да не помисли некој дека само англиските вегетаријанци се нешто лицемери. Ланско истражување на американски терен покажало дека дури 84 проценти од луѓето со ваков режим на исхрана, во некоја точка од својот живот се префрлуваат на јадење месо.

Најпопуларно месо за пијаните англиски вегетаријанци се донерите бидејќи такви ресторанчиња има многу и работат до доцна.

 

21 октомври 2015 - 12:33