116-те на канцерот

За информацијата околу канцерогеноста на преработеното месо пишувавме тука, меѓу другото и дека според СЗО тоа е во групата 1 канцерогени, класификација која се базира на нашата сигурност дека нешто предизвикува рак, а не колку е веројатно дека ќе го предизвика. Во оваа група има 116 ставки.

Листата од првата група ги содржи регуларните осомничени, како пушење цигари, чад од втора рака, алкохол, азбест и арсен, ама и секојдневни работи кои речиси е невозможно да ги избегнеме, како воздухот што го дишеме, или пак најразлични здравствени проблеми како хепатит Б и Ц, па и ХИВ.

Некои се јасни работи, некои ни приближно:

1. Пушење тутун
2. Солариум
3. Производство на алуминиум
4. Арсен во водата за пиење
5. Производство на Аурамин (се користи како антисептик или во производство на бои)
6. Производство и поправка на чевли и чизми (заради изложеноста на бензен)
7. Чистење оџаци
8. Гасификација на јаглен
9. Дестилација на камен јаглен (производот се користи за асфалтирање)
10. Производство на кокс
11. Производство на мебел
12. Копање хематит со изложеност на радон
13. Пасивно пушење
14. Леење челик и железо
15. Производство на изопропанол (се користи во индустрија и фармација, во алкохол за чистење рани, средства за дезинфекција...)
16. Производство на розова (магента) боја
17. Професии во кои исклучиво се работи со бои.
18. Работа со катран
19. Работа во индустрија на гуми
20. Професионална изложеност на силни неоргански киселини и аеросоли
21. Природни мешавина на афлатоксини(токсини кои ги создаваат одредени типови фунги)
22. Алкохолни пијалаци
23. Арека оревчиња
24. Џвакање листови бетел (без тутун)
25. Џвакање листови бетел (со тутун)
26. Катран од камен јаглен
27. Камен јаглен
28. Греење на јаглен
29. Издувни гасови од дизел мотори
30. Минерални масти (необработени или делумно обработени)
31. Фенацетин, лек за намалување на болка и треска
32. Билки кои содржат аристолохична киселина (се користат во кинеската народна медицина)
33. Полихлориран бифенил
34. Кинеска солена риба
35. Нафта од шкрилци (Shale oil)
36. Гар
37. Производи од тутун без дим (тутун за џвакање)
38. Дрвена прашина
39. Преработена храна
40. Ацеталдехид
41. 4-аминобифенил
42. Аристохолични киселини и растенија кои ги содржат
43. Азбест
44. Арсен и производи од арсен
45. Азатиоприн
46. Бензен
47. Бензидин
48. Бензо(а)пирен
49. Берилиум и состојки од берилиум
50. Хлорнафазин
51. Бисхлорометил етер
52. Хлорометил метил етер
53. 1,3-Бутадиен
54. 1,4-Бутадениол
55. Кадмиум и соединенија од кадмиум
56. Хлорамбуцил
57. Метил-ЦЦНУ
58. Хром
59. Циклоспорин
60. Контрацепција, хормонална, комбинирани форми (што содржат и естроген и прогестоген)
61. Контрацепција, орална, секвенцијални облици на хормонална контрацепција (периодот на земање на естроген, а потоа и период на естроген и прогестоген).
62. Циклофосфамиди.
63. Диетилстилбоестрол
64. Бои на база на бензидин
65. Епштајн-Бар вирус
66. Естроген, нестероиден
67. Естроген, стероиден
68. Естрогенска терапија, постменопаузална
69. Етанол во алкохолни пијалаци
70. Ерионит
71. Етилен оксид
72. Етопосид, сам и во комбинација со сиплатин и блеомицин
73. Формалдехид
74. Галиум арсенид
75. Хеликобактер пилори (инфекција)
76. Хепатитис Б (хронична инфекција)
77. Хепатитис Ц (хронична инфекција)
78. Билни лекови кои содржат билки од родот аристолохија
79. ХПВ тип 1 (инфекција)
80. ХПВ тип 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59 и 66
81. Хуман Т-лимфотропен вирус тип 1
82. Мелфалан
83. Метоксален и ултравиолетова А-радијација
84. 4,4'-метилен-бис(2-хлороанилин)
85. МОПП и останата комбинирана хемотерапија која вклучува алкилатни агенси
86. Иперит
87. 2-нафтиламин
88. Невронска радијација
89. Никел
90. 4-(N-Nitrosomethylamino)-1-(3-pyridyl)-1-butanone (NNK)
91. N-Nitrosonornicotine (NNN)
92. Opisthorchis viverrini (инфекција)
93. Загадување на воздухот
94. ПМ честички во загадениот воздух
95. Радиоактивен фосфор-32
96. Плутониум-239 и производите од негово распаѓање (кои можат да содржат плутониум-240 и други изотопи), како аеросоли.
97. Радиоактивен јод, краткотрајни изотопи, вклучувајќи го и I-131, од несреќите во атомските реактори до експлозии на нуклеарно оружје (изложеност во текот на детството)
98. Радионуклиди, α-честички
99. Радионуклиди, β-честички
100. Радиум-224 и производи од неговото распаѓање
101. Радиум-226 и производите од негово распаѓање
102. Радиум-228 и производите од негово распаѓање
103. Радон-222 и производите од негово распаѓање
104. Schistosoma haematobium (инфекција)
105. Силициум, кристал (вдишен во форма на кварц или кристобалит)
106. Зрачење од Сонцето
107. Пудра со влакна од азбест
108. Тамоксифен
109. 2,3,7,8-tetrachlorodibenzo-para-dioxin
110. Thiotepa (1,1',1'-phosphinothioylidynetrisaziridine)
111. Ториум-232 и производите од неговото распаѓање, кои се внесуваат интравенозно
112. Треосулфан
113. Орто-толуидин, се користи во изработка на хемикалии од гуми, пестициди и бои
114. Винил хлорид
115. Ултравиолетово зрачење
116. Рендгенско зрачење и гама зрачење

листата

30 октомври 2015 - 12:27