Кон крајот на 2011-та, тогаш 32-годишниот Џејсон Халеј, вработен во техничка поддршка на компанијата, заработува околу 35.000 долари годишно и е крајно лошо расположен. Прајс го забележува ова и користи една шанса кога Халеј излегува на пауза за цигара за да разговара со него. Разговорот е отприлика:
Прајс: "Изгледа како нешто да те мачи? Што е проблемот?"
Халеј: "Ме крадеш!"
Прајс: "Платен си според пазарна вредност. Ако имаш поинакви бројки од моите кажи ми. Немам намера да те крадам."
Халеј: "Бројките не се важни. Знам дека имаш лоши намери. Се фалиш колку си финансиски дисциплиниран, ама тоа мене ми се одразува така што не заработувам доволно пари за да водам достоен живот."
Муабетот го остава Прајс шокиран и во следните неколку денови тој им ја прераскажува случката на пријатели и роднини со кои се среќава. Тој ја основа фирмата во 2004-та, и таа солидно се развива се до 2008-ма и големата рецесија кога за малку ќе го затвори бизнисот. За да ја спаси компанијата (и вработените) тој решава да ги замрзне платите.
По некое време размислување, Прајс сфаќа дека Халеј е во право - не само за тоа дека тие се недоволно платени, туку и за неговите намери.
"Бев толку преплашен од рецесијата што активно, и со гордост, им наштетував на моите вработени," објаснува Прајс.
Цели три години по средбата со Халеј, Прајс дели 20% покачувања годишно. Профитот континуирано го надминува растот на платите. Пролетва тој ја носи одлуката за воведување на минималец од 70.000 долари.