Дејвид Витлок седнува да истражи околу прашањето и доаѓа до заклучок дека валкајќи се во прашина коњите ја премачкуваат својата кожа со живи бактерии кои ја заштитуваат флората која живее на нив.
Витлок собира дел од овие бактерии, кои неутрализираат најразлични опасни организми и штетни супстанци на кожата, и ги претвора во спреј кој му е главен извор на хигиена во овие 12 години. Меѓу другите работи, батериите го разложуваат амонијакот, состојката заради која потта мириса.
Ако претерано многу се извалка Витлок ќе употреби вода за да се измие, ама освен тоа тој избегнува да се водени затоа што му ја измива природната флора на кожата. Човекот го користи спрејот два пати на ден, наутро и навечер, и кога треба да мие раце, и не, никој до сега му нема кажано дека смрди, "освен ако не сум ја сменил облеката, ама тоа редовно го правам."
Компанијата на Витлок, АОБиом, почна масовно да го произведува спрејот што тој од 2003-та го користи за зачистување. Цената на "Mother Dirt" е 49 долари за шишенце, а според Витлок тој е за луѓе "кои имаат постојана потреба за бањање и претерано користење на козметика."