Ова конкретно се однесува на Меѓувладиниот панел за климатски промени, чии резимеа од студиите се наменети за не-научна публика. Нечитливоста постојано расте во последните две децении, а врвот го достигнува со петтото и најголемо резиме објавено во 2014-та.
Студијата се базира на Флеш тестот за читање, а ја спроведува Ралф Баркмејер од КЕДГЕ Бизнис школата во Бордо. Неговата забелешка е дека "конфузијата создадена од стилот на пишување на резимеата може да го забави политичкиот процес во борбата против штетните издувни гасови." Моментално оценките за читливост на овие извештаи се меѓу "ниски и исклучително ниски."
За разлика од резимеата, тестовите на Баркмејер покажуваат дека новинските статии околу климатските промени се полесни за читање и воопшто ги немаат променето своите стандарди. И тоа по следниот редослед:
- таблоидните верзии се наједноставни за разбирање
- по нив се анализите во квалитетните весници
- потоа се текстовите во научните публикации
Тие исто така заклучуваат и дека тонот што го имаат медиумите околу климатските промени е многу поемотивен отколку извештаите на панелот.