Живот и забава

Том Вејтс напиша поема за Кит Ричардс

Се знаат тие и си го имаат поштовањето одамна. Соработуваат од 85-та, од албумот na Том Вејтс Rain Dogs, а Ричардс го имаше и на Bad as me пред 4 години. Вејтс има признато дека само со Ричардс не може да пие бидејќи Авенџерот од Стоунси е просто ненадјебив на тема отпорност кон труење. За специјалното издание на магазинот Ролинг Стоун насловено "Кит Ричардс; водич низ неговата музика и легенда", Вејтс напиша поема за својот пријател и соборец.

Големото зошто?

И покрај тоа што имавме време да се зближиме и да ги совладаме автомобилите по сите основи, и покрај тоа што ги наполнивме со електроника, смарт системи и уреди како Ентерпрајз, и понатаму останува нејаснотијата уште од времето кога се инсталираше првото радио во кола - зошто стишуваме радио кога паркираме?

Минас Тирит 2023-та

Во веројатно историски најдобриот план за трошење на 3 милијарди евра, група британски архитекти сакаат да изградат комплетно функционална (еден спрема еден) реплика на Минас Тирит.

Изгледа блесаво, ама делува

Лос Анџелес ја преживува најлошата суша досега и секоја капка вода им е важна. Решението од кое очекуваат да заштедат огромни количини употреблива вода, колку изгледа глупо, толку е генијално.

Врзи ја апликацијата где ти газда каже

Дечково се одважил да покаже колку е добар, и се изгорел. И тоа токму од Фејсбук, фирмата која демек бара од вработените да бидат храбри и одважни.

Ањели и Економист го купија Економист

Продавач е компанијата Персон која во 1957-ма доби дел од Економист кога го купи Фајненшл Тајмс. Минатиот месец Персон го продаде Фајненшл Тајмс на јапонската медиумска група Никкеи за 1,18 милијарди долари. Деновиве ги продаде и своите 50% во Економист за 1,3 милијарди долари.

За мозокот на тапанарите

Ова на неколкумина тапанари кои ги познаваме ќе им се допадне: нивните мозоци не само што се различни од оние на повеќето од нас, туку тие се и (туш!) - подобри.

Мегапроектите на светот

Во конкуренција влегуваат проектите завршени во последните 3 години или оние чија изградба се уште е во тек.

Минхен сака аутобан за точаци

Намерата на локалните активисти е да натераат што е можно повеќе луѓе да возат велосипед наместо автомобил, а според нив ова најуспешно ќе се оствари ако низ градот распостелат велосипедски автопат.

Диета базирана на одвратност

Нова студија тврди дека постои едноставен начин да се хакира мозокот, за калоричните јадења одеднаш да се видат не толку привлечни туку грозни. На пример, на оној кој постојано ви ја јаде сланината, да му кажете: Брокула!

Конечно некој аир од тегови

Последниот викенд опасно силен тајфун го зафати главниот град на Тајван. Имаме снимка од тоа како успеа да преживее највисокиот облакодер во Тајпеј.

Човекот што земал 40.000 екстази таблети

37-годишен маж до тој степен не може да се концентрира во секојдневниот живот што бара медицинска помош. На своите доктори им признава дека можно е ова што му се случува да е заради тоа што земал околу 40.000 таблети на возраст од 21 до 30 години.

Во секој од нас се крие спортски хулиган

Продуцентка на ESPN која и на своја кожа осетила како е кога ќе се замериш со нечии спортски фанови, решила да посвети неколку години истражување за да дознае што е тоа во спортот што знае да го вади најлошото во луѓето.

Како да дебатираш со скептици за вакцини

Научна студија тргнува од тоа дека е речиси невозможно да дебатираш со противниците на вакцини користејќи факти и наука, и стига до заклучок дека тоа што ти треба се слики од деца кои не биле вакцинирани.

Понизното збогум на Џон Стујарт

По 17 години како ѕвезда, Џон Стујарт даде се' од себе за неговата последна вечер на Дејли Шоу да биде за било кој друг само не за него - и речиси успеа, пишува Дејвид Симс во испраќањето на Стујарт.

Зошто ти треба "теткица" на работа

Како што ги минуваат 40-ти, 50-ти и 60-ти години така станува се потешко да задржиш жена во компанија, пред се затоа што жените со амбиција на оваа возраст, повеќе немаат намера да го следат и да работат по машки распоред.

Кога ќе в село појдете, фаци да не правите

Научници седнале, прегледале еден тон видео материјал и после темелни анализи составиле научен каталог на фацијални изрази - кај коњите. А ние лек за рак чекаме од нив.

За херојството во ловењето лавови

Фриленс новинарот Мат Стопера во 2012-та минува десетина денови на сафари во Боцвана со двајца експерти за лавови и автори на документарци. Доживувањето го чува за себе и блиските сè до пред некој ден и веста за забарот што го уби лавот Сесил.

Мамурлак од храна и твојот стомак

Има нешто што се вика "мамурлак од храна" и се случува кога не ги следиш сигналите од организмот, а во основа е твоето тело како ти кажува дека си згрешил со тоа што си го изел.

Парите не растат на дрвjа, освен ако не живееш до нив

Живеење во населби со повеќе дрвја и зеленило не само што внесува аристократски нијанси во секојдневното битисување, туку и генерално го прави животот подобар.

Мрсното стана основен вкус

Научниците порачаа дека откриле докази за постоење на уште еден базичен вкус, она што неуките го вадат од кременадлата.

Проблемот со воведување минималец од 70.000 долари

Пред 3 месеци 31-годишниот Ден Прајс, сопственик на компанија за обработка на кредитни картички, одлучи најмалата плата на неговите вработени да биде 70.000 долари годишно. И ова некако требаше да заврши како среќна бајка.

Како Гронинген стана пример за велосипедски град

Кон средина на 70-те, додека останатите градови ги рушат старите населби за да прошират улиците, Гронинген воведува еднонасочен режим за улиците низ центарот. 40 години подоцна, две третини од целиот превоз на луѓе е со велосипеди, а Гронинген е го има најчистиот воздух во споредба со кој било холандски град.

Врева за убиство на лав, молк за пет слонови

Додека светот жалеше по Сесил, 13-годишниот лав кој беше застрелан од американски ловец во Зимбабве, еден многу пострашен инцидент се случи во Кенија, за којшто речиси никој не извести.