Научете дека треба да им плаќате на "креативците"

Кога Стив Џобс бара човек што ќе му го изработи логото за Некст, тој на дизјанерот Пол Рaнд му дава понуда да смисли неколку предлози за лого како аванс пред и официјално да го вработи. Одговорот на Рaнд е: Не.

"Јас ќе ти го решам проблемот, а ти ќе ми платиш. И ти не мора да го користиш решението. Ако сакаш опции, оди збори со други луѓе. Ама јас ќе ти го решам проблемот на најдобар можен начин. И дали ќе го искористиш или не, тоа комплетно зависи од тебе.

Ти си клиентот. Ама ќе си платиш," раскажува Џобс во едно интервју од 1993-та.

Барањето на Џобс не е ништо екстравагантно или нечовечко од негова страна, и подпаѓа под една воспоставена пракса "од креативните професионалци да се бара да потрошат часови на бесплатно создавање оригинални дела, пред тие воопшто да бидат ангажирани." Терминот за ова e "спек" (од "speculative work") или "креативен примерок" и е дел од процесот за наддавање на голем број проекти.

"Често пати формално е наведено во отворениот повик од владите или големите меѓународни организации, или пак е спомнато на состаноците. Меѓутоа создавањето креативен примерок е многу скапо за креативните агенции и уметниците, кои мора да пренасочат ресурси од постојните клиенти во надеж дека ќе добијат нова работа," пишува Ен Куито во Кварц.

Канадската маркетинг агенција Зулу Алфа Кило неодамна изработи краток спот на темава, кој прецизно ги погодува сите апсурдности околу изработувањето на креативниот примерок.

На прашањето како тогаш клиентите ќе знаат со кого сакаат да работат без да го видат примерокот, основачот на Зулу Алфа Кило објаснува: "Тргни ја на страна креативната работа. Со кого имаш најмногу хемија? Со кого навистина сакаш да работиш? Тогаш разгелдај го нивното портфолио и види кој постојано прави брилијантни дела."

Компанијата Зулу Алфа Кило одамна не работи со гратис примероци и ова никако не им пречи на бизнисот, па во рок од пет години, нејзиниот персонал расте од 25 на 75 вработени.

9 ноември 2015 - 18:31