
Соопштението за сè општото поскапување на животот во Лондон следува со објавата дека минималната плата е зголемена за 0,39 долари од час (2,7%) и сега изнесува 14,55 долари на час.
Лондонскиот минималец го одредува фондацијата и тој не преставува официјална мерка за минималец, ама е општоприфатен како индикатор за тоа колку работодавците треба да им платат на работниците за да имаат основни животни стандарди.
И покрај тоа што овој стандард е факултативен, се повеќе работодавци се одлучуваат да го платат, меѓу кои и големи англиски компании.
Надвор од Лондон, Фондацијата го проценува минимумот на 12,77 долари што е покачување во износ од 0,62 долари. Ова е значително повеќе од сегашниот официјален минималец од 10,37 долари на час.