Прц!

Поздраво е да се пржи на свинска маст

Уште еден пресврт во урнебесниот научноиден хаос околу исхраната и здравјето: по најново, зејтинот не чини, a мастa е must.

Готвењето со вообичаените растителни масла ослободува токсични хемикалии кои се поврзуваат со појава на рак и други болештини; научниците сега ни препорачуваат наместо сончогледово, да користиме кокосово или маслиново масло, путер или свинска маст.  

Наодите од една нова студија базирана на серија експерименти, на глава го превртуваат досегашниот канон по кој незаситените масти од растително потекло беа поздрави од оние заситените од животинско.

Истражувањето покажало дека загревањето на растителните масла ослободува високи концентрации на алдехиди, хемикалии кои имаат линк со ракот, срцевите заболувања и деменцијата.

Професорот по хемиска патологија Мартин Грутвелд вели дека типичен "риба и помфрит" оброк подготвен на тава или во фритеза со сончогледово масло содржи 100 до 200 пати повеќе токсични алдехиди отколку што изнесува безбедната дневна доза утврдена со нормите на Светската здравствена организација. За разлика од нив,загревањето на путер, маслиново масло или маст произведува далеку помали количини алдехиди.

Ексеприментите покажуваат дека убедливо најмалку штетни хемикалии прави пржењето со кокосово масло.

Како и колку различните масла се претвораат во отров кога се загреваат на 180 степени:

Загриженоста околу токсичните материи во загреаните масла е поддржана и од едно друго, паралено истражување на Оксфорд.

Делумно и заради честата употреба на сончогледово или пченкарно масло, "човечкиот мозок се менува на начин кој е загрижувачки колку и промените во глобалното затоплување", предупредува доктор Џон Стајн Од Оксфорд. Тој смета дека омега 6 киселините, со кои се богати растителните масла, всушност ги намалуваат потребните омега 3 киселини.

"Ако премногу употребувате сончогледово масло, мозокот премногу апсорбира омега 6 кои ги исфрлуваат од системот неопходните омега 3 киселини," објаснува Стајн.

 * Линк за радикали

12 ноември 2015 - 11:46