Мојот омилен музичар во моментов е Том Вејтс. Не одам никаде без неговата комплетна дискографија. Има негови песни кои не можам да ги слушам пред други луѓе бидејќи неконтролирано почнувам да плачам. Има нешто во неговиот глас, во неговата музика.... Тој е толку поврзан и уникатен. По мене Вејтс е најголемиот американски уметник", рече Стив Вај во интервју за Викиметал во кое говори и за неговите односи со Френк Запа и Дејвид Ли Рот, како и за своите најдобри албуми и песни.
Во интервјуто открива дека во неговата рана музичка фаза најголемо влијание врз него имала музиката на Лед Цепелин, особено песните 'Heartbreaker' и 'Black Dog.'
"Но, со текот на животот, работите се менуваат", рече Вај.
Таман.